• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Вечерва започнува новата македонска серија „Инсајдер“

30 октомври 2017, 13:40
  • cподели

На 30 октомври на телевизија Телма започна да се емитува најновата македонска ТВ серија „Инсајдер“. Сценариото и продукцијата се 100% македонски, што е веднаш забележително поради блискоста на темите, кои можеме да ги гледаме секој работен ден во 20:40.

Инсајдер

Инсајдер обработува деликатни теми од актуелната стварост преку случките на редакцијата на истоимениот неделен магазин што се занимава со истражувачко новинарство, во часот пред да се финализираат насловите кои ќе се печатат во новиот број, под притисок на времето и разни надворешни како и внатрешни фактори.

Инсајдер

Пресликаната тензија од секојдневната работа на медиумите се нагласува особено во првата епизода со веста дека „Инсајдер“ се затвора. Но, тоа беше само почетокот кој ги исполни очекувањата како на широката јавност, така и на сите присутни на ексклузивната претпремиера на првата епизода, која се одржа неколку дена пред емитувањето на серијата на малите екрани.

Инсајдер

„За нас беше навистина тешко кога работевме затоа што знаевме дека на крајот ќе се соочиме со новинарската фела, која е примарната публика што ќе има потреба да се идентификува со она што ние се обидуваме да го создадеме. По првата проекција сум навистина задоволен затоа што реакциите на вашите колеги беа одлични“ - изјави режисерот Игор Иванов – Изи.

Комерцијален текст

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.