Почетна » Новости » Занимливости » Верверичка напаѓа куче за да го спаси своето бебе

Верверичка напаѓа куче за да го спаси своето бебе

Мајчинската љубов навистина не познава граници. Ова го потврдуваат неколку неверојатни слики, на кои е покажано како мајка верверичка напаѓа куче за да го спаси своето бебе.

Верверичка напаѓа кучеКучето се обидува да си ја задоволи љубопитноста за малото вервериче, кое најверојатно паднало од дрвото. Верверичка напаѓа кучеНо, мајката смета дека однесувањето на кучето не е добронамерно и веднаш преминува во акција за спасување. Храбрата мајка со своите нокти и заби го напаѓа љубопитното куче, додека малото вервериче успева да избега на сигурно. Верверичка напаѓа кучеСемејството повторно е обединето, а кучето збунето стои под дрвото обидувајќи се да сфати што му се случило.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.