• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Брзи, кратки и едноставни вежби за одличен вид!

8 април 2016, 14:28
  • cподели

Сѐ поголем е бројот на лица кои мораат да носат очила или леќи бидејќи нивниот вид е многу ослабен. Иако, генетската предиспозиција е најважниот фактор за нарушувањето на видот, сепак, многу други фактори придонесуваат за негово намалување. Секако, драстичната зголемена употреба на компјутери и електронски уреди кои зрачат сина светлина, е еден од значајните фактори, од кои окото не може да се заштити. Може да се каже дека нашите очи се откажуваат од нас поради неквалитетната грижа, и поради тоа често завршуваме со очила или леќи. Но, како и секој мускул на човекото тело, така и нашите очи имаат потреба од редовни вежби за да бидат одморени и на некој начин, поздрави, вели специјалист-офталмолог Викторија Филева од Систина Офталмологија.

Викторија Филева

Доктор Филева препорачува вежби кои се наменети за очите, помагаат во одмарање и подобрување на фокусирањето, а на тој начин се вежба и фузијата на очите и се зајакнуваат очните мускули.

Златно правило за рекласирање и одмор на вашите очи е 20-20-20, односно на секои 20 минути правете пауза од работата, и гледајте на оддалеченост од 20 метри во времетраење од 20 секунди.

Освен основното правило, ова се неколку едноставни вежби кои може да ги правите секојдневно:

  • Трепкање – Кога работиме пред компјутер и сме длабоко сконцентрирани, многу поретко трепкаме или „забораваме да трепкаме“ и нашите очи се сушат. Просечно една особа треба да трепне 10-14 пати во минута. Пробајте во следните 2 минути да трепкате на секои 3 – 4 секунди. Потоа не трепкајте 30 секунди, во период од 2 минути. Ја забележувате ли разликата? Кога трепкаме, нашите очи се мал период во темнина, а самото трепкање помага во влаженење на очите, го намалува напорот на очите и ја избиструва сликата.
  • Фигура 8 – оваа вежба е наметена за очните мускули и помага во зголемување на нивната флексибилност. Замислете ја фигурата 8 како се наоѓа на 10 метри пред вас. Следете ја полека фигурата, прво само на едната страна по неколку минути, и потоа на другата страна. Можеби на почетокот ќе ви делува чудно, но постепено ќе се навикнете на оваа вежба.
  • Зумирање – За оваа вежба може да го користите вашиот палец, пенкало, молив. Оддалечете го палецот и фокусирајте се на него, и полека оддалечувајте ја раката и полека приближувајте ја. Повторувајте ја оваа вежба уште три пати, еднаш неделно. На овој начин го подобрувате фокусирањето.
  • Покријте ги очите со дланките – Најпрво, истријте ги дланките една од друга за да бидат топли, и потоа ставете ги на очите. Нежно притискајте, и внимавајте, не треба да гледате светлина низ прстите. Кога ќе почнете да гледате само темнина, тогаш тргнете ги дланките. Повторете ја вежбата во рок од 3 минути или повеќе.

Ја воочивте уште веднаш разликата, нели?

Комерцијален текст

Tags
Систина

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.