• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Браво Македонијо! За кратко време се собрани средства за Мухамед од Охрид да добие бубрег од мајка си

25 септември 2024, 08:53
  • cподели

За само една недела, Мухамед Максуд ги собра потребните средства за трансплантација на бубрег од мајка си.

Благодарение на хуманоста на македонските граѓани и дијаспората, 21-годишниот студент ќе добие шанса за подобар живот.

Мухамед Максуд

Мухамед страда од ретка болест на бубрезите и има потреба од трансплантација, а донор на потребниот орган ќе биде неговата самохрана мајка. Операцијата треба да се изврши во Турција и за неа потребни се 20 илјади евра кои сега се собрани. Во моментот, тој е во тешка состојба и е зависен од секојдневна дијализа.

Максуд им се заблагодари на сите коишто донираа средства за него, на медиумите и јавните личности кои ја мобилизираа јавноста и на сите коишто беа вклучени во хуманитарната акција.

„Ви благодарам на сите оние кои со искреност и со секоја можна алтернатива помогнаа за собирањето финансии за моето лекување, благодарност упатувам до секој кој ме поддржа, ми помогна и благодарност за сплотеноста и организираноста на сите познати мои пријатели, познаници, непознати, луѓе со големи срца и искреност. Благодарам ОХРИДЕ, покажавте хуманост без разликување на вера, нација и посебно фала за СТРУГА. Возбудата е голема и очекувајте ме со добри вести“ – напиша тој на Facebook.

Во видео, Мухамед рече:

Почитувани граѓани на мојот Охрид, почитувани граѓани на Македонија.

Со ова видео сакам јавно да ви се заблагодарам што во многу краток период ги собравме средствата потребни за моето лекување. Во овие тешки траорни моменти за мене и за моето семејство, кога се соочивме со проблеми кои ни изгледаа непремостливи и огромни, моите другари, пријатели, познаници, но и голем број непознати луѓе кои со големо срце и хуманост покажаа грижа и помош за мене која ми беше неопходна и потребна. Сакам да им се заблагодарам премногу на сите нив, на медиумите, на јавните личности кои ја мобилизираа јавноста, на менаџерите во угостителските објекти во Охрид и сите објекти кои поставија кутии за собирање донации.

Охрид, Македонија и дијаспората ја покажаа уште еднаш нивната хуманост, нивната човечност.

Најнови

  • Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

    Tue, 01/13/2026 - 11:19
  • Ретко му го покажува лицето... Северина на скијање во Австрија со синот Александар кој „повеќепати се обидоа да ѝ го одземат“

    Tue, 01/13/2026 - 10:03
  • „Најубавата година во мојот живот“: Ирина Дишо со слатко видео за првиот роденден на ќеркичката

    Tue, 01/13/2026 - 09:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.