Почетна » Новости » Занимливости » Божиќно изненадување: Емотивната реакција на момче кое дознава дека мајка му е бремена откако семејството изгубило близнаци

Божиќно изненадување: Емотивната реакција на момче кое дознава дека мајка му е бремена откако семејството изгубило близнаци

Единаесетгодишно момче ќе го памети овој Божиќ засекогаш.

Убавината на божиќниот подарок којшто го добило од своите родители тешко дека некогаш би била надмината од друг подарок. Семејството изгубило близнаци минатата година, а разочарувањето и тагата на момчето биле неизмерно тешки за надминување.

Штом дознала дека е бремена, неговата мајка режирала прекрасно изненадување за Божиќ. Солзите на момчето кога дознава за бременоста на мајка си се излив на неговите помешани емоции на среќа и тага: среќа поради исполнувањето на неговата желба да стане постар брат и тага поради загубата на близначињата.

Погледнете го преплетот од среќа и тага преточен во искрените детски солзи:

„Нашето семејство изгуби близнаци во јуни 2016. На сите ни беше многу тешко, но на син ми му беше особено тешко, затоа што не можеше да сфати зошто се случува тоа кога толку многу посакуваше да биде поголем брат.“

„По 15-месечни обиди, конечно останав бремена со нашето бебе-виножито. Му кажавме на синот со урамена слика од ултразвук која ја поставивме во завиткана кутија. Неговата реакција ни ги стопли срцата и беше посилна одошто очекував. На крајот, не можев да продолжам да снимам. Морав да седнам на подот со него и заедно да плачеме. Ова бебе ќе го има најдобриот голем брат на светот, дури и со разлика од 11 и пол години, имам претчувство дека тие ќе бидат најдобри пријатели“ – пишува мајката во описот на видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11954 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.