Почетна » Новости » Занимливости » Бисквити од Жито Лукс

Бисквити од Жито Лукс

Најголемиот македонски производител на леб Жито Лукс, кој успешно функционира на пазарот како лидер веќе седум децении, го проширува своето производствено портфолио со осум нови производи во сегментот бисквити.

Бисквити Жито Лукс

„Анализата на пазарот покажа потреба од нова понуда на пазарот за бисквите создадена според изборот на вкусовите на потрошувачите. Чајните бисквити и чоколадните колачи направени се комплетно да се вклопат во прехранбените манири на граѓаните и оние традиционалните, а имаме соодветна понуда и за оние што се приврзаници на поинакви вкусови. Со изборот што го направивме, уверени сме дека ќе пополниме една празнина на пазарот и дека ќе предизвикаме едно позитивно раздвижување во сегментот“, изјави Лидија Трајковска, Маркетинг Менаџер во Жито Лукс АД Скопје.

Новите бисквити во својот состав содржат внимателно избрани состојки и брашно со докажан квалитет, а се создадени во согласност со високите стандарди на компанијата. Вкусовите се дополнети со додатоци од чоколадо, какао, путер, млеко и цимет. Може да се консумираат и како десерт, но идеални се и за комбинирање во разни рецепти или со топли напитоци. Соодветно на компаниската политика за амбалажирање на производите, новите производи се во модерни дизајнирани пакувања каде видливо е истакната содржината на производот, состојките што се употребени и хранливата вредност.

Со производство на повеќе од дваесет видови леб, традиционални, специјални и тост и неколку вида брашно, Жито Лукс е компанија лидер на македонскиот пазар во мелничко – пекарската индустрија. Развој на иновативи производи, користењето на модерна и напредна технологија во производството, како и примена на најновите сертификати за квалитет и безбедност на производите, се приоритети врз кои се базира развојната стратегија на Жито Лукс.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.