Таткото е незаменлива фигура во животот на секоја жена.
Млада девојка ја раскажува специјалната врска која ја има со татко си преку креативни слики од реални ситуации. Своите дела Снежана Суш ги објавува на својот профил на Instagram, а на секоја од нив пишува краток опис од перспектива на татко си.
Погледнете ги сликите на Суш од кои извира нежност, внимателност и грижливост.
Татковците секогаш се подготвени да ве заштитат, од сè и од секого.

Тоа е мисија без крај.

Кога си со твојот татко, секогаш се чувствуваш како да си на врвот на светот.

Тој е топол и удобен, можеби најудобното место за спиење.

Големиот тато лесно може да се смали за тебе.

Тој ќе го направи и невозможното за тебе, на пример ќе научи да прави плетенка.

Секогаш е подготвен да се забавува со тебе.

Тој точно знае што сакаш.

Тој знае колку се важни детските игри за тебе.

...И не се плаши да ти ги даде.

Има трпение да те научи буквално на сè.

Ти помага да се справиш со тешките ситуации.

Обврските нема да го спречат да помине време со тебе.

Затоа е толку тешко да се одделиш од него.
