Почетна » Новости » Занимливости » Артист, кој низ илустрации ја прикажуваше бременоста на сопругата, објави дека стана татко

Артист, кој низ илустрации ја прикажуваше бременоста на сопругата, објави дека стана татко

Јехуда Ади Девир ги израдува своите обожаватели објавувајќи дека стана татко.

Артистот, кој низ илустрации ја прикажуваше борбата со неплодноста, а потоа радоста додека го очекуваа бебето со сопругата Маја, сподели забавна илустрација од породилната сала. На неа е прикажана Маја како се породува, додека тој со насмевка го дочекува раѓањето на нивното бебенце.

„17 часа! По 17 часа бескрајни породилни болки, успеавме!!! Добивме ново ангелче во семејството!!!“ – напиша новиот татко во описот.

Јехуда Ади Девир

Претходно, талентираниот Израелец објавуваше илустрации кои прикажуваа реални ситуации од животот со бремената сопруга, во кои веројатно ќе се пронајдат сите татковци.

Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир

Пред Маја да забремени, Јехуда не ги криеше нивните намери да станат родители, туку преку илустрации ги прикажуваше предизвиците со кои се соочуваа.

„Се обидувавме да добиеме дете една година. Додека го правевме тоа, сфативме дека создавањето наше семејство е најголемата креација на која можеме да се надеваме.“

„Најтешко беше кога на крајот на секој месец Маја ќе добиеше менструација. Постојаното соочување со неуспех прави да се чувствуваш како да немаш контрола врз сопствениот живот. Тоа е ужасно чувство.“

„Но, ние сме заедно толку долго време што нашето пријателство и љубов се толку силни и чувствуваме дека можеме да постигнеме сè ако работиме заедно. Предизвиците нè прават посилни“ - изјавил тој.

Погледнете ги илустрациите за време на нивните обиди за зачнување.

Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир Јехуда Ади Девир

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11218 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.