Почетна » Новости » Занимливости » Анџелина Џоли со насолзени очи одржа говор за жртвите на семејно насилство, доби поддршка од ќерката Захара

Анџелина Џоли со насолзени очи одржа говор за жртвите на семејно насилство, доби поддршка од ќерката Захара

Анџелина Џоли со насолзени очи и огромни емоции зборуваше пред Сенатот, а покрај себе имаше силна поддршка – ќерката Захара.

46-годишната оскаровка пристигна во Капитол Хил со 17-годишната девојка за да ја изрази својата поддршка за жртвите на семејно насилство и да го убеди Сенатот да го обнови Законот за спречување на насилството врз жените, кој им овозможува основна заштита на жртвите.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

„Причината што на многу луѓе им е тешко да излезат од ситуација на насилство е тоа што некој прави да се чувствуваат безвредно. Кога има молчење од Конгрес, кој една деценија е премногу зафатен да го обнови Законот за спречување на насилството врз жените, се засилува тоа чувство на безвредност. Помислувате: ‘Можеби насилникот е во право. Можеби не вредам толку многу.’ Поради ова, изгласувањето на овој закон е еден од најважните гласови кои сенаторите на САД треба да ги дадат оваа година“ – рече Џоли, обидувајќи се да не дозволи емоциите да ја надвладеат.

„Како што знаат оние кои преживеале насилство, на жртвите во нашиот пропаднат систем не им е дозволено да се гневни. Треба да се смирени и трпеливи... Но, обидете се да останете смирени кога чувствувате како некој да ви ја држи главата под вода и се давите. Обидете се да останете смирени кога гледате дека е повредуван некој што го сакате...“ Анџелина Џоли Анџелина Џоли

„Најмногу сакам да укажам на децата кои се преплашени и страдаат во овој момент и за многуте луѓе за кои овој закон доаѓа предоцна. За жените кои страдаа низ овој систем со мала или без никаква поддршка и сè уште ја носат болката и траумата од насилството. За младите лица кои преживеале насилство и излегле посилни... И за жените и децата кои умреа, но можеа да бидат спасени“ – додаде таа.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Славната актерка сподели фотографија на која позира со ќерката Захара и напиша:

„Мило ми е што го споделувам ова со Захара и за нејзиното присуство кое ми ги смирува нервите пред денешната прес-конференција“.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11489 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.