Почетна » Новости » Занимливости » Американка решена да стане најдебелата жена на светот

Американка решена да стане најдебелата жена на светот

Дона Симпсон од Њу Џерси во моментов тежи дури 273 килограми, но сè уште не е задоволна од својата тежина и си има поставено цел да достигне неверојатни 450 килограми во рок од две години.

Дона Симпсон

42-годишната Симпсон веќе го држи светскиот рекорд за најдебела мајка. Таа во присуство на тим од 30 медицински лица, во 2007 година, родила ќерка. Тогаш нејзината тежина изнесувала 241kg.

Симпсон консумира огромни количини брза храна и се обидува да се движи што помалку, за да согорува колку што е можно помалку калории. За да ја постигне својата цел, таа треба да внесува 12 000 калории дневно, што е 6 пати повеќе од препорачаните дневни потреби за жени.

Меѓу омилените храни на „амбициозната“ жена се суши и слаткото. „Сакам торти и слатки работи, крофните ми се омилени“ – изјавила Симпсон за Daily Mail.

Дона Симпсон и ќерка ѝ

За да е уште почудно, нејзиниот партнер потполно ја поддржува да си ја постигне целта. Во текот на една недела таа консумира храна во вредност од 750-800$, па за да обезбеди средства има веб сајт каде што мажи ѝ плаќаат да ја гледаат како јаде брза храна.

„Сакам да јадам и луѓето сакаат да ме гледаат како јадам. Тоа ги прави луѓето среќни и не повредувам никого“ – додала Симпсон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.