Почетна » Новости » Занимливости » Sea Hero: Играјте и помогнете во борбата против деменцијата

Sea Hero: Играјте и помогнете во борбата против деменцијата

Играјте и придонесете во борбата против деменцијата!

Доколку имате време за релаксација, станете дел од Sea Hero Quest, првата игра за мобилни со којa секој може да им помогне на научниците во борбата против деменцијата. Ем ќе се забавувате, ем ќе помагате.

Sea Hero

Зошто?

Вознемирува податокот дека до 2050 година, дури 135 милиони од светското население ќе биде засегнато од деменција, што само укажува на фактот дека ова е една од најголемите здравствени закани за човештвото.

Во недостаток на доволно научни податоци што ќе укажат на ризик факторите, преваленцата, наследната компонента и сите останати податоци што се темелат на релевантни испитувања, креирана е бесплатна мобилна апликација за утврдување на способноста за навигацијата кај здравите луѓе, што понатаму ќе обезбеди критериуми за споредба со лицата со симптоми на деменција и можност за креирање тестови за рана дијагноза на болеста.

Како?

Со едноставно даунлодирање на „Sea Hero Quest“ достапна за iOS и Android системите, која може бесплатно да се преземе од App Store и Google Play, учествувате во најголемото глобално истражување за деменцијата. Во Македонија играта е голем хит и само во првите неколку дена од лансирањето, таа е број еден преземана игра од Google Play.

Со само две минути играње, се собираат податоци во дата-базата за која на научниците им требаат 5 часа посветена работа.

Деменција – атак на квалитетот на животот

Деменцијата е напад врз квалитетот на животот, состојба на мозокот која го доведува до пореметување на памтењето и мислењето, но предизвикува и промени во личните особености и однесувањето.

Стареењето на нашето тело носи многу промени кои влијаат на памтењето. Забораваме каде сме ги оставиле клучевите, дали сме го исклучиле плинот или пеглата пред да излеземе од дома. Типични промени кои доаѓаат со староста и таквото заборавање се нарекува бенигна старечка склероза, но деменцијата сепак не е дел од тој процес.

Деменцијата е општ поим кој се користи за опис на пореметувањето на работата на мозокот, кој се одразува на памтењето и однесувањето на личноста. Во почетокот состојбата се развива бавно, па со тек на време се влошува, а кога ќе почне да се забележува, доведува до душевен пад, немир, па дури и депресија.

Оваа болест на мозокот во напредната фаза значително ги менува особеностите на личноста, па дементното лице станува тивко, повлечено, нерасположено, расеано и не е во можност да го контролира и предвиди своето однесување во дадени ситуации.

Луѓето кои страдаат од деменција сè потешко ги извршуваат своите секојдневни активности, имаат потешкотии во говорењето, читањето и пишувањето. Често се случува да им недостасуваат зборови при изразувањето, да изумиле што прочитале само што ќе ја затворат книгата или речениците кои ги пишуваат да немаат логички след и целина.

Луѓето кои страдаат од деменција се соочуваат со губење на просторна и временска ориентација, дури и во познати места и прилики. Тие се склони кон донесување погрешни и неразумни одлуки во однос на временските прилики и паричните вредности. За жал, дементните луѓе ги губат сознанијата за значењата на апстрактните поими, па многу често ги збунуваат поимите љубов, сомнеж, љубомора и слично.

Деменцијата го напаѓа квалитетот на животот и влијае поединечно на многу аспекти, како што е желбата за изолација и развивање на чувството на осаменост, што го намалува интересот за социјални активности.

Но, оние кои страдаат од деменција, не се единствените афектирани од оваа состојба. Неретко целото семејство е ангажирано за сервисирање на потребите на овие лица кои венеат тажно и недостоинствено, загубени во светот кој само тие го препознаваат.

„Sea Hero Quest“ која што ја промовираше Групацијата Дојче Телеком, а во Македонија е поддржана од Македонски Телеком, е креирана во соработка со интернационални партнери, меѓу кои: добротворната организација за истражување на алцхајмеровата болест Alzheimer’s Research, Универзитетот во Лондон, Универзитетот на Источна Англија и развивачите на игри од компанијата Glitchers.

Преземете ја бесплатната мобилна апликација на следниот линк и дајте го својот придонес во најголемото научно истражување за деменцијата.

Учествувајте!

Помогнете!

Споделете!

Повеќе за целиот научен проект, идејата и концептот на следниот линк: http://seaheroquest.com/mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11291 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.