Додека кај нас температурите растат со секој изминат ден, Дизни нè подготвува за зимски авантури со новото објавено видео. Филмската екипа, која стои зад „Frozen“, го објави првиот трејлер за новото продолжение на дизниевиот хит.
„Olaf's Frozen Adventure“ го става во фокусот снешкото Олаф, кој се обидува да ги пронајде најдобрите празнични традиции за своите пријателки Елза и Ана. 21-минутното видео ќе излезе во декември.
Првото кратко продолжение насловено „Frozen Fever“ беше објавено во 2015 година.