Почетна » Новости » Занимливости » 89-годишна бабичка со чувство за мода и забавен животен стил стана ѕвезда на Instagram

89-годишна бабичка со чувство за мода и забавен животен стил стана ѕвезда на Instagram

Бади Винкл не е обична баба. 89-годишната Американка е вистинска сензација на Instagram која со задоволство ја следат 3,3 милиони следбеници.

Откачената старица е познаничка на повеќе славни личности, меѓу кои Клои и Кајли Кардашијан, Дру Баримор, Мајли Сајрус, Ферги и Никол Ричи. Нејзиниот живот изобилува со забавни случувања и дружби на кои Бади редовно се појавува во необични модни комбинации, а главен моден додаток ѝ е широката насмевка со впечатливи кармини во силни бои.

Бади Винкл

Бади Винкл е всушност алтер-его на Хелен Ван Винкл, родена во 1928 година во Кентаки, САД. Хелен го изгубила својот сопруг, токму на 35-годишнината од нивниот брак, а кратко потоа изгубила и син поради рак. Пред да се преобрази во своето друго „јас“ наречено Бади Винкл, таа поминала тежок период означен од тага и депресија.

„Со години се борев да ја надминам смртта на мојот сопруг и син ми. Имав тажен живот, но морав да бидам силна за ќерка ми, за моите 5 внуци и 3 правнуци. Плачев цело време зашто не можев да се помирам со тоа. Затоа се претворив во Бади Винкл. Се радувам за ова ново поглавје од мојот живот. Всушност, сѐ станува поинтересно. Но, длабоко во себе, мислам дека не се променив многу“ – раскажува Бади.

Бади Винкл Бади Винкл

Алтеритетот Бади Винкл се родил за време на една посета на нејзината правнука Кенеди. 17-годишната девојка предложила да ја фотографира баба си поради тоа што ѝ се допаднала нејзината младешка модна комбинација од кратки фармерки и маица. Тоа бил моментот кога таа се вљубила во модата и социјалните мрежи. Instagram станал нејзина страст, а невообичаеното чувство за мода и забавниот начин на живот ја направиле позната и ѝ овозможиле познанства со многу славни ѕвезди.

И покрај тоа што Бади е на чекор од десеттата деценија од својот живот, таа вели дека не сака да се облекува како старица. „Не сакам облека за стари жени. Никогаш во својот живот не сум носела такви алишта“ – тврди Бади и дополнува дека со радикалната промена што ја направила во однос на стилот и начинот на живеење успеала да се спаси себеси од тагата и да ги надмине загубите.

Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл

„Бади Винкл ми помогна многу – духовно, во секој случај. Лекциите што ги научив се живеј и дозволи си да живееш. Би сакала да бидам пример за останатите стари луѓе. Тука сме само еднаш во животот и затоа треба да се забавуваме“ – ја завршува својата приказна позитивната бабичка.

Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл Бади Винкл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.