Почетна » Новости » Занимливости » 52-годишна мајка сè уште ја дои својата 6-годишна ќерка

52-годишна мајка сè уште ја дои својата 6-годишна ќерка

Маха Ал Муса разгоре многу дебати за возраста до која треба да се дојат децата со своето признание дека сè уште ја дои 6-годишната ќерка. Маха планира да ја дои малата Амина најмалку уште две години и одбива да ја вакцинира, бидејќи е убедена дека мајчиното млеко е доволно за да ја заштити од болести.

52-годишната Австралијка беше фотографирана како ја дои ќерката си во парк за најновото издание на списанието „Woman’s Day“. На фотографијата, девојчето носи училишна униформа.

Маха Ал Муса и Амина

Ал Муса со гордост изјавила дека е потполно нормално доењето на поголеми деца и дека ќе продолжи да ја дои својата ќерка сè додека таа бара да цица. „Таа ми вели: Мамо, млекце. Јас може да правам нешто или да разговарам, но тоа е нормално за нас, не креваме многу врева околу тоа“ – изјавила Маха.

Ал Муса, која е мајка на уште два сина, е на строга Палео диета и верува дека доењето освен што е добро за ќерка ѝ, ја одржува и нејзината виталност.

Маха Ал Муса и Амина

Амина толку многу уживала во подоите што не планирала да се откаже од задоволството „да спие и да цица“ додека не наполни 8 години. „Понекогаш млекото има вкус на лижавчиња-бастуни. Има вкус на многу различни нешта. Тоа ми е омилена активност кога не сум на училиште. Повеќе деца треба да го прават тоа, бидејќи е добро за нив“ – рекла Амина во интервјуто за списанието.

Маха Ал Муса и Амина

Маха смета дека возраста од 4 до 8 години е нормална за детето само да се одбие од доење. „Кој ги создава правилата и потоа им ги диктира на мајките, бебињата или децата во однос на доењето или хранењето од шише? Дозволете мајката и детето да одлучат што е најдобро за нив, за околностите и за семејството“ – напиша Ал Муса на Facebook.

Маха Ал Муса и Амина

Маха е дел од документарецот „Extreme Breastfeeding“ (Екстремно доење) на Discovery Channel и е една од најстарите жени на светот кои дојат, како и една од малкуте жени во пременопауза кои дојат дете. Таа ја родила Амина кога имала 46 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11171 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.