Гинисовата книга на рекордите 2012 официјално беше објавена денес. Еве некои од најчудните рекорди кои добија место во неа:
Најдолги нокти кога и да било досега: Ли Редмонд стигнала до вкупна должина на ноктите од 8,65 метри.
Жена со најмногу пирсови: Илејн Дејвидсон има 4225 пирса по целото тело.
Најдолгите мустаќи: Рам Синг Чуан има мустаќи долги 4,2 метри.
Маж со најмногу пирсови: Ролф Бухолз има 453 обетки и пирса по целото тело. 94 од нив се околу неговата уста, 25 на веѓите, 8 на носот и 278 на гениталната област.
Најголеми природни гради: Ени Хокинс-Тарнер (Норма Стиц).
Најдолг јазик: Шанел Тапер има јазик долг 9,65 сантиметри, измерен од врвот до горната уста.
Најдолгата домашна мачка: Стиви е долг 1,2 метри. Неговата опашка исто така држи рекорд. Со опашка од 41,5 сантиметри Стиви го освои и рекордот за најдолга опашка на домашна мачка.
Најширока уста: Франциско Доминго Хоаким има уста широка 17 сантиметри.
Најголемото чоколадо: Во Чикаго беше создадено чоколадо тешко 5 574 килограми.
Најдолги нозе: Светлана Панкратова има нозе долги 132 сантиметри.
А еве ја и најеластичната жена на светот:
