Почетна » Новости » Занимливости » 10 совети за посреќен и поисполнет живот од папата Францис

10 совети за посреќен и поисполнет живот од папата Францис

На почетокот на секоја година си поставуваме големи цели и си даваме ветувања кои планираме да ги исполниме во претстојните 365 дена. Во големиот куп од желби, најважна е онаа за посреќен живот.

Папата Францис го сподели својот рецепт за среќен и исполнет живот во интервју за аргентинскиот весник „Viva“. Еве ја неговата листа од совети, кои би можеле да ви донесат поголема радост и задоволство:

Папата Францис
  1. Живеј и дозволи другите да живеат. Првиот чекор до мирот и среќата е да го следите древниот совет на Римјаните: „Campa e fascia campà“. Овој совет одекнува во познатата реченица на папата Францис „Кој сум јас за да судам?“, која поглаварот на Римокатоличката црква ја кажал во контекст дека црквата не треба духовно да се меша во животот на ниту една личност, независно дали таа е хетеросексуална или хомосексуална. Едноставно е, живејте како што сакате и оставете ги другите да живеат како што сакаат. Жителите на Рим често велат: „Продолжи да се движиш напред и дозволи им на другите да го сторат истото“.
  2. Биди дарежлив кон другите. Папата верува дека милосрдието се протега над парите. Луѓето треба да бидат отворени и дарежливи еден кон друг. Тој советува против повлекување во себе и фокусирање на себе, бидејќи тоа крие ризик од појава на егоцентричност.
  3. Чекори смирено низ животот. За третиот совет папата се повикува на романот „Дон Сегундо Сомбра“ од Рикардо Гвиралдес. Главниот лик од романот во младоста бил немирен поток кој со себе носел камења, кога пораснал станал брза река, а во понапредна возраст, продолжил да се движи, но бавно, како вода во базен. Папата советува да си ја развиете способноста да се движите низ животот со добрина, скромност и спокојство.
  4. Правилно пополнувај го слободното време. Папата е категоричен дека консумеризмот ни донесе многу грижи и дека луѓето заборавија да уживаат во уметноста, литературата и активности како играње со своите деца. Тој вели дека родителите мора да си издвојуваат време за играње со децата и дека семејствата мора да ги исклучуваат телевизорите додека јадат за да можат непречено да комуницираат помеѓу себе. Исто така, тој дополнува дека луѓето кои работат мора да одделуваат време за да се релаксираат, да бидат со семејството, да уживаат во читање, слушање музика и спортување.
  5. Неделата е за семејството. Денот недела е како празник и треба да се минува со најблиските.
  6. Пронајди иновативни начини за да создадеш достоинствена работа за младите луѓе. Користењето дрога и самоубиствата се чести меѓу лицата под 25 години кои немаат работа. Поради тоа, папата смета дека треба да бидеме креативни и да им помогнеме на младите да најдат работа. Работата не само што им дава на луѓето плата, туку им дава и достоинство.
  7. Почитувај ја природата и грижи се за неа. „Дали човештвото не си извршува самоубиство со своето неселективно и тиранско искористување на природата?“ – прашал папата Францис.
  8. Престани да бидеш негативен. Потребата да се зборува лошо за другите е знак на ниска самодоверба. Тоа значи: „Се чувствувам толку ниско, што наместо да се издигнам себеси нагоре, морам да ги понижам другите“. Папата порачува дека е здраво брзо да се ослободувате од негативните мисли.
  9. Почитувај ги туѓите верувања. Можеме да ги инспирираме другите преку пример. Но, според папата Францис, најлошото нешто е агресивно да ги убедуваме другите да ја прифатат нашата религија.
  10. Работи за мир. Папата чувствува дека е неопходно гласно да повикуваме на мир, бидејќи живееме во време на многу војни. Тој вели дека мирот никогаш не е тивок. Мирот е секогаш проактивен и динамичен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.