Почетна » Новости » Занимливости » 10 неверојатни рекорди поврзани со брак и свадба

10 неверојатни рекорди поврзани со брак и свадба

Најскапата свадбаНајскапата свадба на Ваниша Митал и Амит Батиа

Најдолг брак. Херберт и Зелмира Фишер од Северна Каролина го држат светскиот рекорд за најдолг брак. Тие стапиле во брак во 1924 година и уживаат во својата љубов веќе 86 години. Херберт има 104 години, а Зелмира 101. Заедно секој ден уживаат на својата веранда, броејќи автомобили и разговарајќи со своите соседи. За да покажат дека се во тек со современите технологии и дека љубовта може да трае засекогаш, околу 14 февруари, за денот на вљубените, тие објавувале и љубовни совети на Tweeter.

Најголема разлика во години. Во ноември 2006 година светот го опкружи вест дека Судар Марто од Малезија, кој имал 105 години, се оженил со 22-годишната слугинка Илај Рамат. Со 83 години разлика тие го поставиле овој рекорд.

Најголема свадбена торта. Најголемата свадбена торта некогаш направена била висока 5,18 метри и тежела 6 818 килограми. Торта со такви размери може да нахрани дури 59 000 души.

Најдолго време свршени. Октавио Џулиен и Адриана Мартинез се свршиле во 1902 година, кога и двајцата имале по 15 години, а стапиле во брак кога имале по 82 години. Тие биле свршени цели 67 години.

Најстари младенци. Франсоа Френандез и Меделин Френсинеу стапиле во брак во 2002 година во дом за старци во Франција. Тогаш Франсоа имал 96, а Меделин 94 години.

Највисок брачен пар. Киша Болтон, која е висока 1.955 метри, стапила во брак со Вилко Ван Клиф, кој е висок 2,13 метри. Нивната заедничка висина изнесува 4,08 метри!

Најнизок брачен пар. Даглас Брегер, кој е висок 88,9 сантиметри, стапил во брак со Клаудија Роша, висока 91,4 сантиметар, уште во 1998 година.

Најмногу бракови. Глин Волф го држи рекордот за најмногу бракови во текот на животот. Тој го има кажано судбоносното „Да“ точно 29 пати. Неговиот најкраток брак траел 19 дена, а најдолгиот – 7 години.

Најмногу прослави за обновување на заветите. Лорен Блер и Дејвид Хју стапиле во брак по 83-ти пат во 2004 година.

Најскапа свадба. Ваниша Митал, ќерката на еден од најбогатите луѓе во светот, стапила во брак со банкарот Амит Батиа во Версај. На прославата која траела 6 дена свој настап имала и Кајли Миног, а целиот луксуз коштал 55 милиони долари!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.