Почетна » Новости » Животни стории » Љубовта е посилна од сè: Приказната на пар соочен со дијагноза АЛС

Љубовта е посилна од сè: Приказната на пар соочен со дијагноза АЛС

До пред неколку месеци малкумина имаа слушнато за амиотрофична латерална склероза (АЛС), но виралниот предизвик „Ice Bucket“ го сврти вниманието кон оваа ужасна болест.

Трогателната љубовна приказна на Адам и Холи, кои на свој грб го почувствуваа товарот на дијагнозата АЛС, ќе ве растажи, но истовремено ќе ве убеди дека вистинската љубов е посилна од сѐ.

Адам и Холи

Првата средба на парот била во 2009 година, кога Адам се лекувал од Лајмска болест, а Холи работела како медицинска сестра. За време на долгото лекување, една година тие се среќавале по двапати неделно и три часа дневно минувале заедно. За време на средбите во просторија за лекарски прегледи, Адам и Холи често разговарале за нејзиниот развод и нејзиниот мал син Џошуа.

Набрзо меѓу нив се родила љубов. Иако на Адам му била дијагностицирана Лајмска болест, Холи се сомневала дека станува збор за нешто посериозно. По консултација со врвен невролог, дијагнозата била АЛС. Во тој миг, Адам знаел како сака да ги помине последните денови од животот. Во интервју за „Style Me Pretty“, Холи раскажала дека тој веднаш ја побарал за жена. „Сакам да го поминам остатокот од животот со тебе. Сакам во последните денови да го гледам твоето лице, да ги бакнувам твоите усни, да спијам покрај тебе. Сфаќам ако не сакаш да го понесеш овој товар. Но, ако ме сакаш, сакам да се оженам за тебе. Што велиш?“

Во периодот кога Адам и Холи започнале да живеат заедно, тој ѝ напишал љубовно писмо:

Секој ден кога ќе се разбудам и ќе те видам до мене, си помислувам колку сум среќен. Ги отворам очите, те гледам и се смеам во себе. Те гледам како се облекуваш и се подготвуваш и си мислам како цел ден ќе полудуваш момци. Потоа си се смешкам затоа што тие не го знаат она што јас го знам. Дека ти си многу добра и грижлива и убава и секси. Дека си многу умна и смешна и забавна.

Додека ме облекуваш, ме храниш и ми ставаш инјекции, се чувствувам многу сакан. Посакувам да можев да ти помагам повеќе. Потоа кога нѐ ставаш мене и Џош во инвалидската количка и нѐ туркаш надвор, се чувствувам како да сме вистинско семејство и сум пресреќен. Колку е убаво секој ден да го започнуваш токму така.

Ти правиш многу за мене бејби. Не сакам никогаш да заборавиш колку го ценам секое мало нешто што го правиш. Многу сум благодарен за твојата љубов Холи. Никогаш нема да те земам здраво за готово. Му благодарам на Бог за секој ден што го имам со тебе и те сакам сѐ повеќе и повеќе. Ти правиш да сум најсреќниот маж на светот.

Ќе се оженам со тебе Холи! И ќе имаме одличен живот! Те сакам!!!

Адам

На романтичната свадбена церемонија присуствувале најблиските пријатели и роднини на парот. Младенците не го пропуштиле ниту првиот танц. Холи седнала во скутот на Адам и со инвалидската количка се вртеле на песната „In My Life“ од The Beatles.

Адам и ХолиСвадбениот танц на Холи и Адам Адам и Холи

Еден од најубавите моменти на церемонијата бил кога Адам и малиот Џошуа истуриле песок во различна боја во ист сад, како симбол на обединување. По свадбата, Адам го посвоил Џошуа.

Адам и Холи Адам и Холи Адам и Холи Холи и ЏошуаХоли со својот син Џошуа Адам и Холи

Приказната на Адам и Холи нема среќен крај. За жал, Адам починал во октомври минатата година. „Едно од многуте нешта кои ми помогнаа да го пребродам тешкиот период е она што тој ми го рече: Само добрите луѓе умираат млади... Те сакам, ќе се видиме повторно“ – раскажала Холи за Huffington Post.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.