Почетна » Новости » Животни стории » Фото-приказна: Тој е моето бебе, но не мое дете

Фото-приказна: Тој е моето бебе, но не мое дете

Млада фотографка привлече огромно внимание со својот невообичаен и личен проект. Кали Мичел од Ајова го документираше своето патување низ непланирана бременост и носењето на тешката одлука да го даде бебето на посвојување.

На емотивните фотографии се гледа тага, депресија, двоумење, страв и неизвесност. Повеќето од фотографиите Кали ги направила сама, а тие ја следат целата нејзина бременост, до раѓањето на здравото момче Лео и неговото преминување во рацете на новите родители.

„Се викам Кали Мичел. Јас сум 25-годишна фотографка од Сидар Рапидс со сон да талкам низ светот за да ги снимам најмалите моменти од моето опкружување. Но, мојот сон за миг беше прекинат. Спонтан момент доведе до непланирана промена во животот. Не беше грешка. Дефинитивно беше изненадување. Независно од тоа колку заљубени бевме таткото и јас, без оглед дали бевме родени еден за друг, немавме шанса по моите бројни лаги.“

„Па, го сместив ова неверојатно суштество во рацете на луѓе кои знаев дека ќе го сакаат на начин на којшто би го сакала јас и дека ќе се грижат за него така како што јас не можев. Ова чувство на загуба, оваа тага која ја чувам – тие се моја вина. Не живеев правилно. Ова е моето бебе, но тој не е мое дете“ – пишува Кали.

Кога Кали дознала дека е бремена, таа била во среќна врска и со своето момче решиле да оформат семејство. Нивните родители им дале безрезервна поддршка.

Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали

Но, по неколку месеци момчето на Кали ја прекинало врската, бидејќи таа не била сигурна дали тој е таткото на бебето. „Тој ме напушти. Тоа е само моја вина. Се фатив во сопствените лаги и тој не можеше да ја поднесе помислата да расте дете кое може да не е негово. Тој не можеше да оформи семејство со девојката која му даде многу причини за да не ѝ верува. Никогаш не сум се мразела повеќе во животот“ – пишува таа.

И покрај тоа што нејзиното момче ја советувало да го даде детето на посвојување, на почетокот Кали била убедена дека сака да го задржи бебето. Абортусот никогаш не бил опција за неа. Но, подоцна сфатила дека нема да може да му пружи на детето живот каков што би требало да има. „Не можам да бидам самохрана мајка, да одам на училиште и да работам, а сепак да имам енергија и време да се грижам за дете. Не е праведно да родам дете во оваа ситуација. Морам да го дадам детето на пар кој ќе има можност да му даде сè што јас не можам“ – објаснила таа.

Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали Фотографиите на Кали

„Едно од првите нешта кои ми ги велат луѓето откако ќе ја слушнат мојата приказна е дека сум силна личност. Не сум силна. Никогаш не сум била силна личност. Луѓето кои немаат минато низ оваа неизмерна тага не ја разбираат беспомошноста која ја чувствуваш, загубата“ – пишува таа.

Кали одржува контакт со Брајан и Кристен, таткото и мајката на малиот Лео, и наскоро планира да ги посети.

Реакциите на приказната на Кали се различни, но повеќето луѓе ја почитуваат нејзината одлука да подари дете на пар кој не може да има свое и ѝ се восхитуваат на храброста да зборува на тема на која многумина никогаш не би дискутирале во јавност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.