Почетна » Новости » Животни стории » Сторијата која ја расплака Србија: Исповед на здравствен работник

Сторијата која ја расплака Србија: Исповед на здравствен работник

Како медицинско лице во службата за итна помош во Крагуевац, Маја Пауновиќ постојано е сведок на лоши случаи, на болка, тага и смрт. Нејзината објава на Facebook за неодамнешен итен случај ја расплака Србија. Во текстот таа раскажува за две девојчиња кои живеат со болна мајка.

Девојчиња

Не пишувам за работата, зашто работејќи во службата за итна медицинска помош, има сè освен убави работи, поточно понекогаш има убави случки, но сè помалку и поретко.

Дневна смена прв терен, онесвестена девојка од 14 години во основно училиште на час по физичко. Ротација, возење на црвено светло, преминување на автомобили, пристигнавме за 4 и пол минути на лице место.

Втрчавме со целата наша опрема, здогледавме бледо слабо девојче кое срамежливо седеше на столица и грицкаше ролат со мак. Ни беше мило што беше во прашање само колапс, добро е што не е нешто полошо. Ги проверивме сите витални параметри, подобро беше. Ја прашавме за појадок, ни кажа дека не појадувала, ѝ објаснивме дека мора, особено кога првиот час е физичко.... и тогаш започна приказната која убива и нè води до прашањето: Кога стигнавме до пропаст?

Мајката на девојчето има мултиплекс склероза, била учителка, сега е полуподвижна, на редовна терапија и не може да работи. Има сестра од 12 години. Таткото ги оставил кога мајката се разболела и тие се препуштени сами на себе. Среде зима на училиште се без јакни и во летна облека. Нивните соученици собираат пари за да им купат појадок, облека, но тие не се жалат, никогаш не велат дека им е ладно, дека се жедни, гладни. Среќни се што имаат мајка и сметаат дека треба да трпат и да живеат така.

Ја повикавме нејзината помала сестра да биде со неа зашто се уплаши, да има некој покрај неа, некој што ѝ е близок. Влезе девојче од 12 години на врата, се спушти на колена и почна низ солзи да ја бакнува и прегрнува, повторувајќи „ќе ти биде подобро, не се плаши“.

Плачат двете, се вртам настрана, зашто сфаќам дека ми надоаѓаат солзи, плачам, гледам дека не ме гледаат, срамота е заради мојата работа, се прибирам, се насмевнувам. Ја прашуваме малата сестра дали јадела, а таа вели: „Добро сум јас, не е важно, можам јас да не јадам, помогнете ѝ на сестра ми.“ Си ги гризам усните за да не потечат пак солзите.

Социјалните служби, сите установи, не пронајдоа начин да му помогнат на ова семејство. Се прашувам за што се криви овие деца: за болеста на мајка им, за несовесниот татко или за државата која е толку многу несредена за ваквите семејства никој да не се грижи?

Дали можеме вака да постапуваме со децата, како да ги имаме за фрлање, какви ќе бидат тие деца кога ќе пораснат?

Ја однесовме сестрата до болница, неколку дена да биде на педијатрија, помладата ја испрати со солзи, а мене ми остана грутка во градите. Колку вакви семејства има во Србија, колку болни мајки и татковци, колку гладни деца, а колку тајкуни, политичари кои уживаат во богатство, земајќи од вакви семејства?!

Маја Пауновиќ

Ne pisem o poslu jer radeci u urgentoj sluzbi svega ima osim lepih stvari ,tacnije ima ponekad ,ali sve manje i...

Posted by Maja Paunović on Monday, November 2, 2015

Откако текстот беше објавен од повеќе српски медиуми, многу добродушни лица ја понудија својата помош. Многумина се решени да им помогнат на девојчињата со цел да добијат пристоен живот каков што заслужуваат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11571 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.