Почетна » Новости » Животни стории » Скапоцен дар: Мајка на осум деца го носи и ќе го роди бебето на ќерка си која се бори со неплодност

Скапоцен дар: Мајка на осум деца го носи и ќе го роди бебето на ќерка си која се бори со неплодност

Чализ Смит по деветти пат носи бебенце во својата утроба само за да ѝ оствари голема желба на нејзината ќерка.

50-годишната мајка од САД, која има осум деца, сега го носи и ќе го роди бебето на 24-годишната ќерка која се бори со неплодност.

Чализ и Кејтлин

Таа одлучила да биде сурогат-мајка откако на ќерка ѝ Кејтлин ѝ бил дијагностициран Сјогренов синдром, автоимуна болест која главно ги погодува егзокрините жлезди.

Кејтлин исто така страда од ендометриоза, која многу често е причина за неплодност.

Мајка и ќеркаЛево: Кејтлин, Десно: Чализ Чализ и Кејтлин Чализ и Кејтлин Мајка и ќеркаКејтлин со сопругот

Кејтлин има родено едно дете – синчето Калахан. Таа забременила со ин витро оплодување, а дијагнозата Сјогренов синдром ја добила додека била во блажена состојба.

Чализ и Кејтлин Чализ и Кејтлин

„Таа беше среќничка што успеа да го износи Калахан речиси до крај, бидејќи Сјогреновиот синдром често предизвикува спонтан абортус“ – изјавила мајката Чализ.

„Долго време размислував за тоа дека Кејтлин нема да може да има повеќе деца. Си ги чував мислите во себе додека да бидам сигурна дека не носам емотивна одлука да ѝ станам сурогат. Неколку месеци подоцна ѝ се јавив и ѝ предложив да ѝ бидам сурогат. Таа беше шокирана од идејата. Со мојата возраст, морав да минам низ многу здравстени прегледи пред да добиеме потврда дека можам да станам сурогат-мајка. Откако ни беше дадено зелено светло, во септември ми беа имплантирани два ембриони. Така забременив и сега ја носам мојата внука“ – додала таа и открила дека Кејтлин отсекогаш сонувала да има многу деца, исто како мајка си.

Мајка и ќеркаОсумте деца на Чализ

„Бев шокирана кога мајка ми ми предложи да ми биде сурогат. Таа отсекогаш ме поддржуваше во сè и во мојот сон да имам големо семејство. Знам дека сите нејзини бремености поминаа совршено и дека таа е екстремно здрава, па ни за момент не се посомневав дека ќе има проблеми за тоа што ќе ми биде сурогат“ – рекла Кејтлин.

Чализ и Кејтлин

„Најубавиот момент во целото ова искуство ќе биде кога ќе ја видам ќерка ми како блика од радост кога покрај мене ќе ѝ посака добредојде на ќерка си“ – изјавила Чализ.

Чализ и Кејтлин Чализ и Кејтлин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.