Почетна » Новости » Животни стории » Светот воздивна со олеснување: Сите 12 момчиња и тренерот се спасени од пештерата во Тајланд

Светот воздивна со олеснување: Сите 12 момчиња и тренерот се спасени од пештерата во Тајланд

Светот со денови се молеше за спасувањето на 12-те момчиња кои со својот тренер беа заробени во поплавена пештера во Тајланд. Конечно одекна среќната вест дека денес беа извлечени на безбедно и последните четири деца и 25-годишниот тренер.

Спасување Тајланд

Првите четири момчиња беа спасени во неделата, а вчера елитна група од нуркачи и други спасувачи помогна да бидат извадени уште четири.

Спасување Тајланд Спасување Тајланд

Истоштените мали фудбалери сега закрепнуваат во болница благодарение на големата група спасувачи од целиот свет кои неуморно работеа деноноќно за спасувачката мисија да заврши успешно. Малата група остана заробена во пештерскиот систем кога водата од обилни монсунски дождови им го блокира излезот.

Спасувачката мисија започна на 23 јуни откако децата и тренерот беа пријавени за исчезнати. Следниот ден, спасувачите пронајдоа ранци и сандали 3 км внатре во пештерата, но не можеа да продолжат понатаму поради подигнувањето на нивото на водата од дождовите.

Експерти од повеќе земји низ светот им се приклучија на тајландските спасувачи и неколку дена испумпуваа вода од тунелите. Првиот контакт со децата беше направен дури на 2 јули, кога двајца нуркачи ја пронајдоа заробената група на 4 км во пештерата. Веќе следниот ден, децата добија медицинска помош, чиста вода, храна и ќебиња.

Спасување Тајланд Спасување Тајланд

Додека спасувачите го бараа најдоброто решение за извлекување на децата, смртта на маринецот Саман Кунан, кој остана без кислород во пештерскиот комплекс, алармираше колку опасен е патот до излезот. И покрај сите препреки, упорноста на експертите на крајот се исплати.

Спасување Тајланд Спасување Тајланд Спасување Тајланд Спасување Тајланд

Сите кои беа директно инволвирани, но и милиони луѓе кои будно ја следеа мисијата, денес воздивнаа со олеснување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.