Почетна » Новости » Животни стории » „Сакам да се самоубијам“: Мајка објави трогателно видео од синот кој на училиште бил малтретиран поради џуџестиот раст

„Сакам да се самоубијам“: Мајка објави трогателно видео од синот кој на училиште бил малтретиран поради џуџестиот раст

Мајка објави трогателно видео во кое нејзиниот син панично плаче и повторува дека сака да се самоубие зашто бил малтретиран на училиште поради тоа што е со џуџест раст. Целта на мајката е да ја подигне свеста кај родителите, учениците и просветните работници за последиците од булингот (врсничкото насилство).

Во емотивното видео, мајката Јарака очајнички објаснува дека нејзиниот 9-годишен син Квејден секој ден е малтретиран на училиште, дека тој постојано има самоубиствени мисли и дека таа мора внимателно да го набљудува да не си го одземе животот. Првпат, тој се обидел да се самоубие кога имал само 6 години.

Јарака ги замолува родителите да ги научат децата да не ги исмејуваат различните и вели дека повеќе не можела да крие со што се соочува секој ден.

„Ова е ефектот од булингот. Сериозно не знам што да направам повеќе“ – вели таа.

Најтрагични се моментите кога малото детенце бара јаже за да се обеси и бара некој да го прободи за да умре.

Видео

Снимката треба да го „сепне“ и замисли секој родител!

По споделувањето на видеото, Квејден доби море од позитивни коментари и поддршка од целиот свет.

Актерот Хју Џекман испрати видео-порака до тажното момче, a започната е и акција за собирање на средства со кои Квејден и мајка му ќе отпатуваат во Дизниленд. Иако на почетокот беше планирано да се соберат 10.000 долари, сторијата допре до толку многу луѓе што веќе има над 180.000 долари.

Квејден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.