Почетна » Новости » Животни стории » Популарна српска мисица, која смело се бореше со рак на матката, почина на 33 години

Популарна српска мисица, која смело се бореше со рак на матката, почина на 33 години

Смртта на Дијана Милојковиќ силно ја погоди српската јавност, но одекна и многу пошироко. Убавата девојка почина на 33-годишна возраст по долга и смела битка со ракот.

Дијана Милојковиќ

„Помина низ животот онака како што треба! Борбено, во стил на кралица!“ - напиша Стефан Кариќ, кој ѝ беше поранешен партнер на Дијана.

Многумина со трогателни пораки се збогуваа од популарната Мис Европа 2014 и потенцираа дека до крајот остана силна и достоинствено се справуваше со тешките последици од ужасната болест.

Пред само месец и половина, таа гордо позираше на бебешката забава по повод раѓањето на нејзината внука Дијана.

Дијана дозна дека има рак на матката во 2015 година. Како последица на агресивните третмани за лекување, таа извесен период ја имаше изгубено и косата. По дијагнозата, Дијана таа создаде свој блог каде споделуваше дека никогаш не се откажува од позитивниот став кон животот и ги мотивираше и охрабруваше сите кои минуваат низ бури во животот.

Дијана Милојковиќ Дијана Милојковиќ Дијана Милојковиќ Дијана Милојковиќ

Во својата прва објава, таа напиша: „Дали некогаш сте сретнале личност која има два животи? Се прашувате како е возможно? Ќе ви објаснам. Јас сум Дијана. Минатата година ми беше поставена дијагноза инвазивен карцином на матката, а само неколку месеци подоцна и метастази во лимфните жлезди – во стомакот и вратот. Иако прогнозите беа застрашувачки, во ниту еден миг не се самосожалував, нити пак патев за мојата судбина. Верував во себе и знаев дека ќе излезам како победник! Првиот живот го живеев полни 27 години пред да откријам дека имам карцином, а другиот го живеам сега, многу посилна, малку себична и најсигурна во себе!“

Во февруари годинава, Дијана на својот блог објави емотивен текст:

Вчера беше Светскиот ден на борбата против ракот. Денес е мојот 1368-ми ден од борбата против ракот.

Луѓето кои се разболеле, секој ден минуваат низ драма. Ним секој ден им е борба. Ден без болки е празник. И покрај сè, се трудам да бидам оптимистка, да се охрабрувам сама себе и да верувам дека сепак постои решение. Во ниту еден миг не треба да се губи надеж. Луѓето треба да се информираат за важноста на превенцијата и раното откривање на ракот, но за тоа каде и како се лечи.

По разговори со луѓето кои ги среќавам по болниците, сметам дека е неопходно ангажирање на психолози во сите специјализирани установи во кои се работи дијагностика и во кои се лечат луѓе со малигни болести. Така би се подобрил психолошкиот статус на пациентите и членовите на нивните семејства. Сакам само да кажам дека карциномот не е болест на еден член, тој е болест на цело семејство, тука се погодени сите и заедно ја водат таа борба. Бескрајно сум им благодарна на моето семејство и пријателите, реалните и виртуелните, кои ми даваат најголема поддршка. Благодарна сум и на оние кои во отсуство на правилни зборови, едноставно исчезнаа.

Сакам да ги поттикнам сите оние кои откако дознале дека некој се разболел и се соочиле со недостаток на зборови, сепак да се јават. Обратете им се на оние кои биле несреќни да заболат од оваа лоша болест. Тие се истите оние луѓе со кои до вчера сте се дружеле и смееле. Не е срамота да си болен и не е тешко да си фин. Затоа што не сте свесни колку тоа нас ни значи!

Дијана во многу наврати ја истакнуваше важноста на редовните лекарски прегледи.

Дијана Милојковиќ Дијана Милојковиќ Дијана Милојковиќ Дијана Милојковиќ Дијана Милојковиќ Дијана Милојковиќ Дијана Милојковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11090 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.