Почетна » Новости » Животни стории » По три спонтани абортуси... Мајка сподели фотографии од трите бебиња сред шприцови од ин витрото со кое беа зачнати

По три спонтани абортуси... Мајка сподели фотографии од трите бебиња сред шприцови од ин витрото со кое беа зачнати

Мајка сподели фотографии и видео на кои нејзините три бебиња лежат сред шприцовите од ин витро постапката со која беа зачнати.

Шелби Стјуарт ја сподели својата приказна за да им даде надеж на сите кои се борат со неплодност и да им порача дека не сами.

Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт

Шелби и нејзиниот сопруг имале една мала ќеркичка кога одлучиле да го прошират семејството. Сепак, не одело сè по план.

Имено, на Шелби ѝ бил дијагностициран не-Хочкин лимфом на 15-годишна возраст и еден месец подоцна започнала со хемотерапии. Веста дека забременувањето ќе ѝ биде голем предизвик ја добила на прагот од полнолетството.

„Кога имав 18 години го прашав онкологот дали мојот третман ќе влијае на тоа дали ќе имам деца. Таа ми објасни дека хемотерапијата која ми беше дадена го уништува репродуктивниот систем и дека најверојатно ќе влезам во менопауза во моите 20-ти години“ – објаснила таа.

На 20 години, по направените испитувања, доктор ѝ соопштил на Шелби дека нема да може да има деца. Три години подоцна, таа стапила во брак и со сопругот повторно направиле испитувања кои покажале дека има надеж за бременост.

По две години обиди за зачнување и две инсеминации, конечно слушнале прекрасна вест – на пат било нивното чудо, ќеркичката Бенет.

Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт

„Бебето кое никогаш не требаше да го имам конечно ми беше во рацете и сум благодарна што можев да ја носам 9 месеци“ – рекла таа и додала дека на почетокот не кажувала никому за предизвиците со кои се соочувале како пар.

„Нашето патување низ неплодноста го чувавме во тајност. Се срамев од тоа. Потоа се чувствував виновно поради срамот. Како можев да бидам вознемирена за неплодноста кога преживеав рак? Откако забременив, одлучив дека молчењето те изолира. Премногу е токсично при неплодност. Започнав да го споделувам нашето патување и без вчудовидена колку луѓе околу мене се борат со истото и се чувствуваат осамено. Најдов многу сила во мојата приказна само со тоа што ја споделив“.

„Знаев дека имам само кратко време за да забременам повторно. По 6 месеци се вративме кај докторот“ – раскажала Шелби.

По пет неуспешни инсеминации, докторот им препорачал ин витро оплодување.

За жал, парот поминал низ три спонтани абортуси пред да ја добие тројката.

Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт

Сега, пресреќната мајка споделува како изгледа животот со четири мали деца и не крие дека нивната љубов им е најголемиот благослов.

Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт Шелби Стјуарт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.