Почетна » Новости » Животни стории » Медицинска сестра посвоила „кревко“ бебенце кое 5 месеци никој не го посетил во болница

Медицинска сестра посвоила „кревко“ бебенце кое 5 месеци никој не го посетил во болница

Сторијата за посвојување на малата Жизел го обиколува светот.

Слаткото девојче било оставено во болница од биолошките родители, но благодарение на пресврт на судбината, таму наишло на својата сегашна мајка – медицинската сестра Лиз Смит.

Лиз и Жизел

Жизел била родена предвреме од мајка зависник од дрога, па уште во првите моменти од својот живот се соочувала со неонатален апстиненцијален синдром. Кревкото новороденче тежело помалку од килограм и имало проблеми со белите дробови.

Медицинскиот персонал во детската болница во Бостон бил посветен на негата на Жизел, особено затоа што немала никој друг на светот. Во текот на петмесечниот болнички престој, бебенцето не било посетено од никого.

Лиз и Жизел

Лиз Смит, која работела на одделот за педијатрија, одлучила да ја згрижи Жизел во првиот момент кога ја видела. Поради неплодност, таа не можела да има свои биолошки деца, но пред да ја сретне Жизел, воопшто не размислувала за посвојување.

„Никогаш не претпоставував дека станувањето мајка ќе биде предизвик. Тоа е желба која можеш да се обидеш да ја оттурнуваш и да си го одвлекуваш вниманието од неа, но никогаш не исчезнува“ - сподели Лиз.

Неколку од сестрите кои работеле во болницата ѝ кажале на Лиз дека има бебенце на кое ѝ е потребен дом со медицинска грижа, но првично таа им одговорила дека не би сакала да посвојува. Една недела подоцна, случајно наишла на Жизел и кога погледите им се пресретнале, се родила силна врска.

Лиз и Жизел Лиз и Жизел

„Беше емотивен ролеркостер. Кога ја згрижив, целта беше да ја споиме повторно со нејзините биолошки родители. Отсекогаш тоа стоеше како реалност во мојот ум додека се грижев за неа, но знаев дека нејзе ѝ е потребна и ја заслужува сета љубов што ја имам да ѝ ја дадам“ - раскажува Смит.

Лиз и Жизел Лиз и Жизел Лиз и Жизел Лиз и Жизел

Биолошките родители на Жизел ја посетувале одвреме-навреме под надзор, но во јуни минатата година, социјалните служби одлучиле дека тие не можат соодветно да се грижат за неа.

Смит и официјално ја посвоила малата Жизел во октомври.

Иако девојчето одлично напредува, сè уште се соочува со здравствени проблеми. Сепак, Смит вели дека напредокот е огромен: „Таа има цевка за хранење преку која ги прима најголем дел од хранливите материи, но освен тоа, специјалистот смета дека таа е извонредна. Не можам да поверувам низ колку помина и колку е здрава и силна. Нејзината издржливост ме инспирира и секој ден сум вчудоневидена од неа.“

Лиз и Жизел Лиз и Жизел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10506 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.