Почетна » Новости » Животни стории » „Ме најдоа гола, сина“: Деми Ловато сподели дека дилерот сексуално ја злоупотребил ноќта кога се предозирала и дека ја изгубила невиноста со силување

„Ме најдоа гола, сина“: Деми Ловато сподели дека дилерот сексуално ја злоупотребил ноќта кога се предозирала и дека ја изгубила невиноста со силување

Деми Ловато преживеа кошмар пред три години, а во новиот документарец „Dancing With the Devil“, најотворено споделува што сè ѝ се случило.

Ноќта кога се предозирала, била и сексуално искористена од нејзиниот дилер.

„Кога ме најдоа, бев гола, сина. Буквално бев оставена да умрам откако тој ме злоупотреби. Кога се разбудив во болница, ме прашаа дали сме имале секс со заемна согласност. Имав едно сеќавање од него над мене. Ја видов таа слика во главата и реков да“ – раскажува таа. Но, еден месец по предозирањето, сфатила дека во тој момент таа воопшто не била во состојба да донесува таква одлука.

Деми Ловато

Само минути ја делеле Ловато од смртта. За среќа, докторите успеале да ја вратат во живот. Таа преживеала три мозочни удари и срцев удар и до ден-денес има проблеми во видот и оштетување на мозокот.

Деми Ловато

За да биде траумата уште поголема, тоа не бил првиот сексуален напад врз неа. Во документарниот филм, кој на 23 март ќе биде објавен на YouTube, таа споделува и дека ја изгубила невиноста како резултат на силување.

Тоа се случило во нејзините тинејџерски години, кога се издигнуваше кон славата како Дизни ѕвезда во „Camp Rock“. Деми не го издава името на лицето кое ја нападнало, но открива дека бил актер.

„Се бакнувавме и јас му реков: ‘еј, ова нема да оди понатаму, девица сум и не сакам да ја изгубам невиноста на ваков начин’. Нему не му значеше тоа и сепак го направи. Си велев дека јас сум виновна, затоа што влегов во собата со него и се бакнувавме“ – сподели таа.

Музичката ѕвезда појаснува дека сега зборува јавно затоа што смета дека секој што ќе доживее нешто слично треба да зборува гласно доколку се чувствува доволно силно.

Трејлер за „Dancing with the Devil“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.