Почетна » Новости » Животни стории » Мајчинска прегратка врати во живот новороденче

Мајчинска прегратка врати во живот новороденче

Мајчинската прегратка и љубов се незаменливи за секое новороденче, но за малиот Џејми прегратката на неговата мајка била пресудна за тој да се врати во живот.

Во интервју за австралиското телевизиско шоу „Today Tonight“, Кејт Ог раскажа како нејзиниот допир и мајчински инстинкт го спасиле нејзиното бебенце.

Откако Кејт се породила, докторите биле убедени дека нејзиниот син Џејми нема да преживее, затоа што бил роден во 27-та седмица од бременоста, а тежел помалку од 1 килограм. Неговата сестра близначка Емили преживеала, но откако 20 минути се бореле за неговиот живот, докторите биле сигурни дека не можат да го спасат Џејми, па го предале во рацете на неговата мајка за можат заедно со сопругот да се збогуваат.

Кејт и ДејвидКејт и Дејвид го гушкаат својот син Џејми

DailyMail ја објави неверојатната приказна на Кејт:

Докторот по породувањето ме праша дали имаме избрано име за нашиот син и јас реков – да. Потоа тој се сврти со мојот син, кој веќе беше завиткан и рече „Го изгубивме Џејми, не преживеа, жалам“.

Тоа беше најлошото чувство што сум го имала некогаш. Го одвиткав Џејми од неговото ќебенце. Тој беше опуштен. Неговите мали раце и нозе му паѓаа од телото.

Ја извадив мојата мантија, го ставив на моите гради и само го држев. Не се движеше воопшто и ние почнавме да му зборуваме (таа и нејзиниот сопруг Дејвид). Му кажавме како е неговото име, дека има сестра.

Џејми од време на време издишуваше тешко, за коешто докторите ни кажаа дека е рефлекс. Само по 5 минути го почувствував дека мрдна и тогаш започна почесто да дише тешко.

Си помислив „Ох Господе, што се случува?“. Малку подоцна ги отвори очите. Тоа беше чудо.

Кејт раскажала и дека веднаш ги известиле докторите дека Џејми покажува знаци на живот, но добиле повратен одговор дека се работи за природни рефлекси и дека не постоела веројатност сè уште да е жив.

Во тој момент Кејт му рекла на својот сопруг „Што ако преживее? Можеме да бидеме најсреќните родители на светот“. Потоа му дала со својот прст млеко на Џејми и тој започнал да дише нормално.

Тогаш се вратил и докторот, го наслушал со својот стетоскоп срцето на малиот Џејми и рекол „Не ми се верува, не ми се верува“.

Сопругот на Кејт во текот на интервјуто изјавил: „За среќа имам многу силна, многу паметна жена. Таа инстинктивно го направи она што го направи. Ако не го направеше, тогаш најверојатно Џејми немаше да биде овде“.

Кејт и петмесечниот Џејми

Џејми е жив доказ за тоа дека негата „кожа на кожа“ или како што уште се нарекува во Австралија „кенгурски допир“ е одлична за болните бебиња.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.