Почетна » Новости » Животни стории » Мајка ослабела 72 килограми откако се чувствувала премногу уморна за да игра со синчето, сега е фитнес тренер

Мајка ослабела 72 килограми откако се чувствувала премногу уморна за да игра со синчето, сега е фитнес тренер

Мајка одлучи да си го трансформира животот и да ослаби откако забележала дека е премногу уморна за да игра со синчето.

Ерика Луго Ерика Луго Ерика Луго

Ерика Луго пред пет и пол години тежела 146 килограми, а денес одушевува со својот фит изглед и е фитнес тренер. Прекумерната тежина на Ерика се должела на љубовта на нејзиното семејство кон храната, но и на брзата храна која ја јадела во средношколските денови. „По оброците, секогаш имавме десерт. На тој начин, преку храната, моето семејство покажуваше љубов, како и многу други“ – рекла таа.

Пресвртен момент за неа бил кога нејзиното синче ја викнало да седне со него на подот за да играат, но таа немала енергија и му рекла „Не“.

„Јасно се сеќавам како седев на каучот со нула енергија и јадев некакви грицки, не сакајќи да станам зашто тоа ми изгледаше како премногу напорно. Тој имаше три и пол години тогаш. Можеби звучи клише, но тоа за мене беше момент кога ми светна дека сум личност која попрво би јадела крекери и би гледала ТВ наместо да си играм со син ми. Погледнав во него и сфатив дека јас го донесов на овој свет и дека тој заслужува многу повеќе од мајка која дури нема енергија да игра со него“ – објаснува таа за нејзината мотивација за слабеење.

Ерика започнала да слабее со помош на апликација, која ѝ помагала да внесува по 2.000 калории дневно и да тренира четирипати неделно. „Никогаш не знаев ништо за фитнесот и нутриционизмот додека растев, па затоа започнав со основите – повеќе да се движам и помалку да јадам. Понатаму сè е само спирала“ – вели таа.

Ерика Луго Ерика Луго Ерика Луго

Во првите 13 месеци, Луго ослабела 55 килограми, но потоа нејзиното слабеење започнало да стагнира, што ѝ сигнализирало да го промени режимот на исхрана и вежбањето. „Многу фрустрира кога првпат ќе стигнете со стагнација“ - вели таа.

Во следните 11 месеци, намалила само 17 килограми, фокусирајќи се на зголемување на мускулната маса. Таа тренирала шест дена во неделата – 20 минути кардио и 40 минути со тегови.

Ерика Луго Ерика Луго

„Мене ми требаа вкупно три години. Искрено, чувствувам дека секоја година учам по нешто ново. Многу сум посилна“ – вели Ерика и додава дека е пресреќна што нејзиниот син живее многу поздрав начин на живот од неа.

„Среќна сум што мојот 9-годишен син расте со мајка која редовно вежба, готви здрави оброци и отворено зборува за хранливите состојки. Тој гледа на вежбањето како на миење заби, мисли дека е секојдневна неопходност која возрасните ја прават. Не мисли дека тоа е нешто за кое треба да издвојувате време. Истото е и за храната, тој мисли дека готвењето со зеленчук и јадењето овошје е нормално и е составен дел од животот. Благодарна сум што нема да влезе во неговите 20-ти години на начинот на кој јас влегов и да се мачи со губењето килограми. За него ќе биде нешто природно да води здрав начин на живот“ – гордо вели Ерика.

Ерика Луго Ерика Луго Ерика Луго Ерика Луго

Совети од Ерика Луго за слабеење:

  1. Стремете се да ја намалите тежината за да бидете здрави. „Не мора да имате некоја друга причина за да ослабите освен да бидете здрави“.
  2. Цифрата на вагата не те дефинира како личност. „Научив дека да бидеш здрав и среќен е многу поважно од слабеењето“.
  3. Поставувајте си паметни цели кон постигнување нов животен стил. „Поставувајте си достижни цели за да останете мотивирани. Размислувајте на слабеењето како на нов начин на живот, а не како нешто брзо. Направете го тоа одржливо и не бидете екстремист. Вашето тело е многу важно, добивате само едно за цел живот, па најдобро е да се однесувате добро со него“.
  4. Научете како да јадете во реалниот свет. Пица, крофни, сладолед... сите овие постојат во реалниот свет и луѓето треба да научат да ги јадат умерено.
  5. Одете на фитнес состаноци. Вежбањето е како состанување. Не е секој тренинг совршен погодок. „Морате да пробувате нови нешта или ќе ви здодее“.
Ерика Луго

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.