• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Мајка и активистка испрати моќна порака: „Македонија е Тимјаник, само некој го чита, а некој го живее секојдневно“

12 јуни 2018, 20:03
  • cподели

По случувањата во Тимјаник и драмата околу отворањето на мал групен дом за деца со посебни потреби, социјалните мрежи беа преплавени со коментари и дискусии. Меѓу нив се издвои пораката на Домника М. Кардула, активистка за правата на лицата со попреченост и мајка на дете со аутизам.

Домника и Ерато

Ова го пишувам како мајка на дете со попреченост.

Ви ги читам статусите за Тимјаник и морам да констатирам дека дел се резултат на апсолутна неупатеност во проблематиката, дел се Не сме ние како нив, ние немаме проблем со лицата со попреченост.

Вистината е следна. Македонија е Тимјаник, само некој го чита, а некој го живее секојдневно. Јас живеам во Центар и моето дете оди на училиште во нашата општина. Во прво одделение двајца родители ги отпишаа своите деца (откако им пропадна петицијата за бркање на моето дете) бидејќи мислеле дека нејзиното присуство го ремети развојот и напредокот на нивните деца. Секојдневно ги чувствуваме љубопитните погледи и муабети Е ене го чудното девојче; Е ене го детето што чудно збори; Е ене го девојчето од нашето школо за кое ти зборував.....Е......

Тимјаник е скоро па предградие на Неготино. Не е некоја пустелија. Нивните деца одат во Неготино исто како вашите деца од Карпош 2 што доаѓаат во Центар или моето дете што оди во Сити Мол. Близината на Демир Капија условува од практични причини домот да биде сместен во близина. Ако не било Тимјаник ќе било некое др село или населба.

И знаете што? Реакцијата би била слична или иста.

Годиниве на мачно живеење ја убија емпатијата која порано постоеше во поголема мерка.

Не знаете како е да се живее со грижата за своето посебно дете. Поставувате прашања кој имал повеќе приоритет? Здравите или немоќните? Па дали е возможна ваква дилема?

Додека не научите дека нема вакви и онакви деца, а има наши деца нема да нè биде.

Деинституционализацијата е хумано нешто. Апсолутна поддршка за проектот и честитки до Мила и нејзиниот тим што се нафатија да го решат овој горлив проблем кој требаше да биде решен децении нананзад. Се создаваат услови за подобар и подоинствен живот на штитениците. Не заборавајте и тие имаат родители кои леат солзи во моментов збунети како нивните чеда со најтешка попреченост се пречка на вашите здрави!?!

Бидете здрави и живи и Ви посакувам никогаш ама никогаш да не го одите патот на родителите и децата со попреченост и Ве молам само не стоите и не го попречувајте нашиот пат.

А Вам кои не поддржувате искрено, големо благодарам.

Домника М. Кардула

Ерато со мајка си ДомникаЕрато со мајка си Домника
Tags
деца со посебни потреби
Тимјаник
Ерато

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.