Почетна » Новости » Животни стории » Мајка го пронашла своето бебе живо 12 часа откако било прогласено за мртво

Мајка го пронашла своето бебе живо 12 часа откако било прогласено за мртво

Најголемиот кошмар за секоја мајка е да ѝ кажат дека го изгубила нејзиното бебе. Токму тоа ѝ се случило на Аналија Бутер од Аргентина. Но, за среќа, нејзината приказна нема трагичен крај, бидејќи в мртовечница го пронашла своето бебе живо 12 часа откако било прогласено за мртво.

АналијаАналија

Аналија се породила три месеца предвреме. Докторите ги известиле неа и нејзиниот сопруг дека малото бебе е родено мртво, без никакви знаци на живот. Растажените родители си заминале дома заедно со документ кој ја потврдувал смртта на нивното петто дете.

Со солзи на очите тие се вратиле во мртовечницата 12 часа подоцна за да направат фотографија од трупот на нивното бебе. „Таа вечер отидовме во мртовечницата. Сакавме да направиме фотографија од нашата ќерка. Но, кога вработениот ја отвори фиоката, слушнавме плач и таа беше жива“ – изјавила Аналија.

Шокирана и полна со радост, Аналија се поттргнала наназад и паднала на колена. „Моето бебе беше родено во 10.24 претпладне и веќе во 11.05 беше ставена во мртовечница. Таа помина 12 часа во замрзнувачки ладната мртовечница. Самата јас го видов мразот на нејзиното тело“ – раскажала таа.

„На почетокот докторите рекоа дека е родена мртва, потоа рекоа дека починала кратко време по породувањето затоа што била премногу мала за да преживее. Не знам кој е виновен и не размислувам за тоа во моментов. Радоста предизвикана од тоа што таа е жива го прекрива секое друго чувство. Јас сум христијанка и верувам дека ова е чудо од Бог“ – рекла мајката.

Среќните родители веќе пронајдоа соодветно име за малото девојче – Луз Милагрос (светло чудо).

Во моментов се води истрага за да се утврди што точно се случило.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.