Почетна » Новости » Животни стории » Мала хероина: Предвреме родено бебенце си замина дома по 48 дена поминати на ГАК во Скопје

Мала хероина: Предвреме родено бебенце си замина дома по 48 дена поминати на ГАК во Скопје

Некои бебиња уште по раѓањето се принудени да ја покажат нивната борбеност. Малата Мила Атанасова, која се роди предвреме со тежина од 1260 грама, храбро се избори за својот живот и конечно си замина дома со родителите.

Малото новороденче помина 48 дена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и сега тежи 2320 грама.

Мила Атанасова

„И НАШАТА МИЛА СИ ОТИДЕ ДОМА. Во прегратките на своите родители, вчера во стабилна состојба и со телесна тежина од 2320 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе.“

„После 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), нашата Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, на наша огромна радост, ја испративме од Клиниката за гинекологија.“

„Мила е родена во 27 гестациска недела, со тежина од само 1260 грама. И посакуваме да биде иста како што е и значењето на нејзиното име и да се бори низ животот со истиот жар што го покажа уште од првиот миг од своето раѓање, во текот на овој еден и пол месец поминат на ОИНТ. На мама и тато да им носи само убави моменти и радости“ – напишаа во објавата од ГАК.

Мила Атанасова Мила Атанасова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.