Почетна » Новости » Животни стории » Исповед на девојка која го преживеа масакрот во срцето на Париз ќе ви ги насолзи очите

Исповед на девојка која го преживеа масакрот во срцето на Париз ќе ви ги насолзи очите

Светот тагува заради ужасните терористички напади во Париз, кои ги згаснаа животите на повеќе од 120 лица. Трагедијата која не остави никого рамнодушен го рани срцето на Градот на љубовта и светлината.

Изобел Боудери, која успеа да се извлече жива од салата Батаклан, каде се одржуваше концерт на Eagles of Death Metal кога терористите ги нападнаа гостите, објави емотивен текст кој ќе ве наежи и ќе ви ги насолзи очите.

Изобел Боудери

Никогаш не си ни помислуваш дека ќе ти се случи тебе. Беше петочна вечер на рок шоу. Атмосферата беше многу среќна, сите танцуваа и се смееја. И тогаш, кога мажите влегоа низ главниот влез и започнаа да пукаат, ние наивно верувавме дека тоа е дел од шоуто. Тоа не беше само терористички напад, тоа беше масакр.

Десетици луѓе беа прострелани пред мене. Локви со крв го исполнија подот. Плачот на возрасни мажи кои ги држеа телата на своите мртви девојки продираше низ малата музичка сала. Иднини разрушени, семејства оставени со скршени срца. За миг.

Шокирана и сама, се преправав дека сум мртва повеќе од еден час, лежејќи меѓу луѓе кои ги гледаа своите сакани неподвижни... Го запирав дишењето, се обидував да не мрдам, да не плачам, да не им го дадам на тие мажи стравот кој копнееjа да го видат.

Имав неверојатна среќа што преживеав. Но, многумина не преживеаја. Луѓето кои беа таму поради истата причина како и јас (да имаат забавна петочна вечер) беа невини. Овој свет е суров. Ваквите постапки ја потенцираат изопаченоста на луѓето, а сликите од тие мажи кои кружеа околу нас како мршојадци ќе ме прогонуваат до крајот на животот.

Прецизно нишанеа и стрелаа во луѓето на партерот, во чиј центар бев и јас, без да му придаваат никаква важност на човечкиот живот. Не изгледаше реално. Во секој момент очекував некој да каже дека сè е само кошмар.

Тоа што го преживеав овој хорор, ми дава можност да го свртам вниманието кон хероите. Кон мажот кој ме успокојуваше и го ризикуваше својот живот обидувајќи се да ми го покрие мозокот додека тивко липав. Кон парот чии последни љубовни зборови ме натераа да продолжам да верувам во доброто во светот. Кон полицијата која успеа да спаси стотици луѓе. Кон непознатите лица кои ме подигнаа од патот и ме утешуваа во текот на 45-те минути во кои навистина мислев дека момчето кое го сакам е мртво. Кон повредениот маж кој мислев дека е мојот сакан и кој откако сфатив дека не е Амаури, ме држеше и ми велеше дека сè ќе биде во ред иако и самиот тој беше сам и уплашен. Кон жената која ги отвори своите врати за преживеаните. Кон пријателот кој ми понуди засолниште и отиде да ми купи нова облека за да не морам да ја носам маичката со крвава дамка. Кон сите вие кои испративте грижливи пораки за поддршка. Вие направивте да верувам дека овој свет има потенцијал да биде подобар. Никогаш повеќе да не се повтори ова.

Но, најмногу ова е за осумдесетте лица кои беа убиени во таа сала, кои немаа толку среќа, кои немаа можност да се разбудат денес и за болката на нивните пријатели и семејства. Жалам. Нема ништо што ќе ја олесни таа болка.

Се чувствувам привилегирана што бев таму за нивните последни оддишки. Како личност која мислеше дека ќе им се придружи, ве уверувам дека нивните последни мисли не беа за животните кои го предизвикаа ова, туку за луѓето кои тие ги сакаа. Додека лежев во крвта на лица кои не ги познавав и чекав мојот куршум да ги прекине моите 22 години, си го замислував секое лице кое го сакав и шепотев Те сакам. Повторно и повторно. Се навраќав на најубавите моменти од мојот живот. Посакував тие што ги сакам, да знаат колку многу ги сакам и посакував без оглед на тоа што ќе ми се случи мене, да продолжат да веруваат во добрината на луѓето. Да не им дозволат на тие мажи да победат.

Синоќа, животите на многумина беа променети засекогаш и на нас останува да бидеме подобри луѓе. Да ги живееме животите за кои сонуваа невините жртви на трагедијата, но за жал, сега нема да можат да ги остварат. Почивајте во мир, ангели. Никогаш нема да бидете заборавени.

Изобел Боудери

Текстот е вирален хит со над 2,2 милиони лајкови.

you never think it will happen to you. It was just a friday night at a rock show. the atmosphere was so happy and...

Posted by Isobel Bowdery on Saturday, November 14, 2015

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11073 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.