Почетна » Новости » Животни стории » ВИДЕО: Најтажната венчавка

ВИДЕО: Најтажната венчавка

Венчавката на Роуден Гоу и Лајзел Меј била емотивен настан исполнет со горчлива радост и голема тага, со насмевки и солзи. Видеото од интимната церемонија деновиве го обиколува светот и без исклучоци насолзува очи.

Заљубениот пар планирал да стапи во брак на 8 јули, кога Роуден требало да го прослави 30-тиот роденден. Но, лоши вести ги прекинале плановите за свадба. Роуден дознал дека има рак на црниот дроб и дека шансите да преживее се минимални.

Последната желба му била да се венча со љубовта на неговиот живот и мајката на неговата ќерка. Гледајќи дека болеста напредува и дека на Роуден не му останува многу време на овој свет, најблиските за 12 часа организирале мала свадбена свеченост. Поради влошената здравствена состојба, Роуден не можел да ја напушти болницата.

Свадбата на Лајзел и Роуден

Држејќи ја за рака нивната двегодишна ќерка, Лајзел зачекорила кон Роуден кој лежел во болничка постела. Никој не можел да ги задржи солзите. „Беше како бајка која го крши срцето“ – со овие зборови братот на Роуден ја опишал церемонијата.

Младоженецот починал 10 часа по венчавката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11350 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.