Почетна » Новости » Животни стории » ВИДЕО: Монолог на 11-годишно девојче кое избегало од присилен брак

ВИДЕО: Монолог на 11-годишно девојче кое избегало од присилен брак

Во видео објавено на YouTube, 11-годишно девојче од Јемен испраќа гласна порака до своите родители кои се обиделе присилно да ја омажат за возрасен маж. „Само напред, омажете ме – ќе се убијам!“ – вели решително малата Нада ал-Ахдал.

Нада избегала да живее со својот вујко, а во видеото објаснува зошто не сака да се врати кај своето семејство.

„Вистина е, избегав од моето семејство. Не можам да живеам со нив повеќе. Доволно е. Сакам да одам да живеам со мојот вујко. Што е со невиноста на детството? Што погрешиле децата? Зошто ги омажувате на тој начин? Јас успеав да го решам мојот проблем, но некои невини деца не можат да ги решат своите проблеми и може да умрат, да се самоубијат или да направат што било што ќе им падне на ум. Тие се само деца. Што знаат тие? Немале време да учат. Не е нивна вина.“

„Јас не сум единствена. Може да му се случи на секое дете. Има многу вакви случаи. Некои деца решаваат да се фрлат во морето. Тие се мртви сега. Ова не е нормално за невини деца.“

Нада ал-Ахдал

„Поднесов жалба во полиција против мајка ми. Им кажав дека имам 11 години и дека таа сака да ме омажи. Ќе немав живот, ниту образование. Немаат ли милост?“

„Попрво би живеела со вујко ми отколку со тие луѓе. Ми се заканија дека ќе ме убијат ако одам кај вујко ми. Какви се тие луѓе кои им се закануваат на своите деца на таков начин? Би ве усреќило да ме омажите против мојата волја? Само напред и омажете ме. Ќе се убијам. Не се враќам да живеам со нив. Нема. Тие ги убија нашите соништа. Тие убија сè во нас. Ништо не остана. Ова не е воспитување. Ова е криминал, едноставно криминал.“

„Тетка ми имаше само 14 години. Издржа само една година со својот сопруг и потоа се полеа со бензин и се самозапали. Таа почина. Тој ја тепаше со метални ланци. Се пијанеше.“

„Моја мајко, мое семејство, верувајте ми кога велам: Завршив со вас. Вие ми ги уништивте соништата“ – вели храбрата Нада во видеото.

Нада доаѓа од сиромашно семејство со осум деца. За среќа, кога имала 3 години, нејзиниот вујко ја зел да живее со него. Малото девојче одело на училиште и за време на летото научило англиски. Нејзината среќа била прекината кога маж кој работел во Саудиска Арабија ја побарал нејзината рака. Родителите се согласиле, бидејќи бил богат.

Но, вујкото на Нада, Абдел Салам, успеал да ја растури свршувачката. „Кога слушнав за младоженецот, испаничив. Нада немаше полни 11 години, таа имаше точно 10 години и 3 месеци. Не можев да дозволам да биде омажена и нејзината иднина да биде уништена, особено откако нејзината тетка беше принудена да се мажи на 13 години и се самозапали. Направив сè што можев за да го спречам тој брак“ – изјавил Абдел, кој успеал да го премисли мажот кој сакал да стапи во брак со Нада.

Не поминало долго време пред родителите на Нада да се обидат повторно да профитираат од мажењето на нивната ќерка. Тие го убедиле Абдел да ја пушти Нада да поживее со нив за време на Рамазан. Неколку дена подоцна Нада побегнала. Абдел подоцна дознал дека мајката на Нада се обидела повторно да ја омажи, но не му кажувала зашто се плашела дека тој повторно ќе се вмеша и ќе го исплаши новиот „свршеник“.

Драмата завршила откако Абдел го пријавил случајот во Министерството за внатрешни работи на Јемен и родителите на Нада се согласиле дека девојчето треба да остане да живее со него.

Нада испратила порака до сите родители кои ги присилуваат своите ќерки да стапат во брак: „Јас сум дете и сакам да ги остварам моите соништа. Мојата тетка беше принудена на брак и изгоре до смрт, а јас ги видов фотографиите од нејзините изгореници. Оставете ме да ги реализирам моите соништа. Сакам да одам на училиште, да станам ѕвезда и да им помагам на другите деца. Не мислам на брак, не сакам брак сега. Сакам да им кажам на татковците и мајките: Оставете нè да ги реализираме нашите соништа, а не да ни ги убивате.“

За жал, ова не е единствениот ваков случај. Секој ден 37.000 девојчиња под 18 години се присилени да стапат во брак, честопати со мажи кои се доволно возрасни за да им бидат татковци или дедовци. Се проценува дека низ целиот свет во брак се 51 милион девојки кои имаат под 18 години. Само во Авганистан 57% од девојчињата се принудени да стапат во брак пред да наполнат 16 години.

Минатата година Стефани Синклер објави свои фотографии кои документираат бракови на девојчиња-невести.

Прочитајте повеќе за Страшната и тажна вистина за девојчињата невести низ светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.