Почетна » Новости » Животни стории » ВИДЕО: Крис Медина ги растопи срцата на жирито на American Idol

ВИДЕО: Крис Медина ги растопи срцата на жирито на American Idol

Крис Медина е учесник во шоуто American Idol кој со својата неверојатна трогателна приказна за верноста и љубовта ги растопи срцата на членовите на жирито и на гледачите.

27-годишниот Медина на аудицијата во Милвоки се појави со ланче со свршенички прстен и раскажа за страшната сообраќајна несреќа што ја оставила неговата свршеница Џулијана со трајни последици.

Крис и ЏулијанаКрис и Џулијана пред несреќата

Крис и Џулијана се заедно 8 години, а пред две години се свршиле и планирале да стапат во брак. Но, во октомври 2009г. Џулијана направила сообраќајна несреќа која ја оставила скоро парализирана и со оштетувања на мозокот. Оттогаш Крис и мајката на Џулијана постојано се грижат за неа.

Раскажувајќи за трагичната несреќа, Крис вели: „Каков човек би бил ако заминев кога ѝ бев најпотребен?“.

Тројцата членови на жирито беа толку трогнати од приказната на Медина и од неговата посветеност кон саканата, што побараа да ја запознаат Џулијана, која надвор чекаше да дознае дали Медина го помина првиот круг на аудиции.

Крис и ЏулијанаКрис и Џулијана на аудицијата во Милвоки

„Само што го слушнав твојот свршеник, тој пее многу добро затоа што постојано ти пее тебе“ – ѝ се обрати Стивен Тајлер на Џулијана.

Крис на аудицијата ја отпеа „Breakeven“ од The Script и без проблеми го помина првиот круг од аудициите, добивајќи три „да“.

Приказната на Крис го обиколи светот и тој веќе е фаворит за да стане музичкиот идол на Америка. Погледнете ја неговата аудиција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.