Почетна » Новости » Животни стории » Апел за помош: Писмо од Ѓокица Величковиќ

Апел за помош: Писмо од Ѓокица Величковиќ

Ѓокица Величковиќ

Во години кога требаше најмногу да се радувам на животот со сите негови убавини и предизвици, како на приватен така и на професионален план, јас се соочив со сериозни здравствени проблеми. Борбата за највредното и најскапото нешто ЗДРАВЈЕТО јас ја започнав.

Но, за да ја продолжам оваа борба, имам недостаток на парични средства. Имам само 21 година, се викам Ѓокица Величковиќ и потребно е да се изврши трансплантација на коскена срцевина во Германија. Самата трансплантација чини 175.000 евра + трошкови за придружба, од кои Фондот покрива 80%, а 20% се на товар на пациентот- семејство.

Ги молам сите хумани луѓе како и правни лица застапувани од хумани луѓе да ми помогнат што побрзо да заминам за Германија и да продолжам во иднина да чекорам со сите ВАС.

Од мое лично име како и од име на моето семејство однапред се заблагодарувам на сите оние кои ќе донираат со вртење на следните броеви:

Телефонски броеви за донации

  • Т-Mobile: 070/ 143 107 (100 денари + ДДВ)
  • ONE: 075/ 143 700
  • VIP: 077/ 143 700

Жиро сметка

Број на жиро сметка: 300001000021827 (Комерцијална Банка АД Скопје)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.