Почетна » Новости » Актуелно » „Татo го промени светот“: Видео од ќеркичката на покојниот Џорџ Флојд ќе ви пробуди емоции

„Татo го промени светот“: Видео од ќеркичката на покојниот Џорџ Флојд ќе ви пробуди емоции

Смртта на Џорџ Флојд го потресе светот и ја крена Америка на нозе. Во сите 50 држави во САД секојдневно се одржуваат протести за подигнување на свеста против расната дискриминација.

Видео од неговата ќеркичка Џиана се распространува на интернет. Шестгодишното девојче извикува „Тато го промени светот“, а пораката допира до секого.

Џиана

Видеото беше снимено по прес-конференција на која мајката на Џиана, Рокси, одржа емотивен говор.

„Немам многу што да кажам бидејќи не можам да ги склопам зборовите во моментов. Но сакам сите да знаат, дека ова е тоа што ми го одзедоа тие полицајци и тие можат да си одат дома и да бидат со своите семејства. Џиана сега нема татко. Тој никогаш нема да ја види кога ќе порасне, нема да ја види кога ќе дипломира, никогаш нема да ја одведе до олтарот. Нејзе ѝ треба татко, но таа нема татко повеќе. Тука сум за моето бебе и тука сум за Џорџ, бидејќи сакам правда за него. Сакам правда за него, бидејќи беше добар. Без оглед на тоа што другите мислат, тој беше добар и ова е доказ дека беше добар човек“ – вели Рокси низ солзи.

Џиана Џиана Џиана

46-годишниот Флојд почина откако полицаец при апсење стоеше со колено на неговиот врат 8 минути, додека Џорџ молеше да биде пуштен бидејќи не можеше да дише.

Џорџ Флојд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.