Почетна » Новости » Актуелно » Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета, почина на 99-годишна возраст

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета, почина на 99-годишна возраст

Почина британскиот принц Филип. Сопругот на кралицата Елизабета II издиша за последен пат на 99-годишна возраст.

Војводата од Единбург почина во замокот Виндзор. Тој ја напушти болницата пред три недели по едномесечен престој поради проблеми со срцето и инфекција.

„Со длабока тага, Нејзиното Височество Кралицата соопшти за смртта на нејзиниот сакан сопруг, Неговото Височество Принцот Филип, Војводата од Единбург“ – пишува во објавата на Бакингемската палата од каде објавија дека тој починал мирно ова утро во Замокот Виндзор.

Принцот Филип и кралицата Елизабета беа во брак 73 години.Тие заедно имаат четири деца, принцот Чарлс, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард.

принц Филип принц Филип принц Филип

Здравјето на Принцот се влошуваше во изминатите неколку години. Во мај 2017 година се пензионира и оттогаш ретко се појавуваше на јавни настани. Филип присуствуваше на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл само еден месец по операција на колкот.

И покрај тоа што се повлече од јавниот живот, тој се најде под лупата на медиумите во јануари 2019 година, кога предизвика сообраќајна несреќа во која беа повредени две жени. Тогаш доброволно се откажа од возачката дозвола и не беше поведена постапка против него.

принц Филип принц Филип принц Филип принц Филип принц Филип принц Филип принц Филип

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11132 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.