• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Првото бебе родено во вода, првата лапароскопска хистеректомија... Новитетите кои за првпат во Македонија се воведоа во Болница „Плодност“

9 октомври 2024, 12:30
  • cподели

Проширувањето на Болница „Плодност“ со нови простории опремени со најсовремена технологија беше повод за ретроспективна анализа на досегашните постигнувања на стручниот тим.

На самиот влез на здравствената установа е истакната нивната мисија и е ставен акцент на новитетите кои биле воведени низ годините.

Плодност Плодност

Од отворањето во 2011 година, па досега, токму тука за првпат во Македонија се направени многу напредни оперативни зафати и се имплементирани модерни методи за унапредување на здравјето на жените и новороденчињата.

Така, сè позачестени во „Плодност“ се хистероскопските операции и лапароскопската хирургија. Станува збор за интервенции кои се поголем предизвик за докторите во споредба со класичните операции, но бенефициите за пациентите се значително поголеми – многу кратка хоспитализација, побрзо и побезболно опоравување и побрзо враќање на работните обврски.

Плодност

Пред четири години, за првпат во Македонија, токму во „Плодност“ беше родено и првото бебе во вода. Оваа алтернативна метода нуди редица предности. На пример, топлата вода го релаксира телото, што резултира со намалување на родилните болки, со што се намалува потребата од обезболување.

Плодност

На почетокот на годинава, „Плодност“ испиша ново поглавје во македонската медицина со ендоскопско отстранување на матка и јајници по вагинален пат. Станува збор за техниката vNOTES, со која комплексни операции се изведуваат без видлив засек и со брзо закрепнување.

Најважните постигнувања на медицинскиот тим на „Плодност“ до денес:

2012 – Првата лапароскопска хистеректомија во државата и регионот

2014 – Лапароскопско вадење на матка со само 2 порти

2015 – Воведен Halo тест за ДНK фрагментација на сперматозоиди

2016 – Револуционерна Osada операција за зачувување на плодноста кај пациентите со аденомиоза

2018 – Прва бременост во Македонија од ембриони култивирани во иновативен time-lapse инкубатор

2019 – За првпат кај нас абдоминален серклаж во бременост

2020 – Родено првото бебе во вода во Македонија

2021-2022 – Воведена напредната лапароскопска хирургија:

  • Sentinel пелвична, параортална и паракавална линфаденектомија
  • Сакроколпопексија
  • Брч колпососпензија
  • Пектопексија

2023-2024 – Воведена vNOTES лапароскопско вадење на матка по вагинален пат без резови

Минатиот месец, во „Плодност“ се роди 600-тото бебе во 2024 година. „Постојаниот пораст на бројот на новородени е на особено задоволство на медицинскиот персонал, кој пожртвувано се грижи за секое бебе, како и на сите вработени во нашата болница“ – порачаа од тимот.

Плодност Плодност
Tags
Болница Плодност

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.