Почетна » Новости » Актуелно » Првата дама Елизабета Ѓоргиевска на отворањето на Центар за ментално здравје

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска на отворањето на Центар за ментално здравје

Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше на отворањето на Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Скопје.

Македонската прва дама му честиташе на Црвениот крст на Република Северна Македонија за отворањето на Центарот чии приоритети се развој на програми наменети за едукација на пошироката јавност, дестигматизација на менталното здравје и зајакнување на резилиентноста на заедницата.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

„Споделувањето на личните проблеми со обучено лице може да биде клучно во нивното надминување и во спречувањето на сериозни ментални болести и нарушувања. Како волонтер на линијата за психо-социјална поддршка на Црвениот крст, свесна сум за потребата од ваков Центар, и уверена сум дека советодавната поддршка и едукација што ќе се пружи, ќе има значаен придонес во нашето општество“ – напиша Ѓоргиевска.

На отворањето присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали.

Елизабета Ѓоргиевска

„Министерството изготвува и посебна Програма, во чии рамки е предвидено отворање центри за ментално здравје како вонинституционална форма на лекување. Неодамна го отворивме Центарот за ментално здравје во Кочани, во тек се подготовки за отворање ваков центар во Битола, како и на центар наменет за младите“ – истакна д-р Сали.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12087 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.