Почетна » Новости » Актуелно » „Ова се хероите кои деноноќно се на работните места“: Венко Филипче сподели фотографија со своите колеги

„Ова се хероите кои деноноќно се на работните места“: Венко Филипче сподели фотографија со своите колеги

Венко Филипче сподели фотографија со своите колеги од Институтот за јавно здравје за да порача да седиме дома и со тоа да им помогнеме на медицинските лица, кои деноноќно се на своите работни места.

„Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период“ – порачува Министерот за здравство.

На 8 март, Филипче сподели фотографии од жени кои работат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состоби за да им го честита Денот на жената и да им се заблагодари, нарекувајќи ги „Хероини на денот“.

Не секој ден можеме да придонесеме за спас на човештвото седејќи дома. Почитувајте ги препораките!

Коронавирус постери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11158 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.