Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 123 новозаразени, 74 оздравени и 3 починати лица од коронавирус во Македонија

Нови податоци: 123 новозаразени, 74 оздравени и 3 починати лица од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство извести дека во изминатото деноноќие направени се 1.312 тестирања, а се потврдени 123 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 54
  • Куманово – 5
  • Дебар – 4
  • Штип – 18
  • Прилеп – 1
  • Тетово – 5
  • Струга – 6
  • Битола – 2
  • Охрид – 3
  • Гостивар – 16
  • Крушево – 1
  • Демир Хисар – 1
  • Свети Николе – 2
  • Кичево – 4
  • Ресен – 1
Податоци

Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:

  • Скопје 23
  • Дебар 1
  • Штип 2
  • Прилеп 6
  • Тетово 15
  • Битола 7
  • Гостивар 6
  • Кочани 2
  • Пробиштип 2
  • Кичево 5
  • Ресен 5

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 7 позитивни деца.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 280
  • Аеродром – 204
  • Бутел – 141
  • Гази Баба – 206
  • Центар – 165
  • Карпош – 171
  • Сарај – 114
  • Кисела Вода – 169
  • Ѓорче Петров – 125
  • Студеничани – 107
  • Шуто Оризари – 108
  • Арачиново – 34
  • Илинден – 25
  • Петровец – 23
  • Чучер Сандево – 11
  • Сопиште – 20
  • Зелениково- 13
  • Странец – 7
  • Нераспределен- 15

Досега во земјата се направени вкупно 91.015 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.669, бројката на оздравени пациенти е 5.145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.079.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.