Почетна » Новости » Актуелно » Нов пораст: 175 новозаразени од коронавирус, од кои 131 од Скопје, а 5 починати

Нов пораст: 175 новозаразени од коронавирус, од кои 131 од Скопје, а 5 починати

Министерството за здравство објави дека повторно има значителен пораст на заразени со коронавирус во земјава.

Во последните 24 часа направен e 971 тест, а регистрирани се 175 нови случаи на КОВИД-19. По градови, новозаболените се од:

  • Скопје - 131
  • Куманово - 24
  • Штип - 2
  • Прилеп - 2
  • Тетово - 5
  • Струга - 2
  • Велес - 4
  • Охрид - 1
  • Гостивар - 2
  • Свети Николе - 2
коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти и тоа од Скопје (12), Штип (1), Тетово (3) и Велес (2).

коронавирус

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

По општини, активните случаи во Скопје, заклучно со вчера, се од:

  • Чаир - 209
  • Бутел - 76
  • Аеродром - 75
  • Гази Баба - 75
  • Центар - 73
  • Карпош - 72
  • Сарај - 64
  • Кисела Вода - 43
  • Ѓорче Петров - 35
  • Шуто Оризари - 26
  • Студеничани - 24
  • Арачиново - 24
  • Илинден - 19
  • Петровец - 6
  • Чучер Сандево - 4
  • Сопиште - 2
  • Странци -2

Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.