• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Нина Неданоска се обрати на првиот настан на жени лидери во банкарскиот сектор

23 март 2023, 14:38
  • cподели

На 22.3.2023 г. се одржа првиот настан на жени лидери во банкарскиот сектор во земјава, на кој се разговараше за најголемиот предизвик за новата генерација жени лидери, а тоа е зелената економија.

Во организација на Македонската банкарска асоцијација со овој настан се одбележа Глобалната/Европската недела на пари, која годинава се одржува под мотото: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“.

Пред присутните се обрати претседателката на МБА д-р Маја Стевкова-Штериева, а на панел-дискусијата учествуваа г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, г-ѓа Емилија Спировска, член на Управниот одбор на Прокредит Банка АД Скопје, и г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ.

Жени лидери

На настанот, жените лидери споделија со присутните како тие лично ја доживуваат зелената економија, како го имплементираат концептот на зелена економија, како и нивното мислење за тоа кои се најитните прашања за одржливост со кои се соочува банкарската индустрија денес.

„Свеста за зелената економија не е доволно развиена и ние мора да работиме на нејзино зголемување. Нашата улога како банка во голем дел е и консултативна, па максимално посветуваме внимание на тоа и самите компании да сфатат дека зелената економија е иднината“ – зборуваше г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје. „Пред 12 години ја финансиравме првата фотоволтаична централа, а минатата година финансиравме повеќе од целиот период претходно. Сметам дека сите компании мора да го почувствуваат бенефитот и да се едуцираат. Ние како банка на секој начин се обидуваме ова да го правиме, преку различни општествено одговорни активности под платформата SPARKASSE LIFE, па така, на пример, оваа година наместо подароци, решивме да засадиме дрвца во име на нашите клиенти и да им подариме благодарници за засадени дрвца во нивно име, а за овој чекор добивме многу позитивни реакции од нашите клиенти и соработници“.

Жени лидери

Таа истакна дека со реализација на стратегијата за одржливост која доаѓа од матичната Ерсте Групација, Шпаркасе Банка постојано придонесува за подобра иднина на нашите деца.

„Ние како жени поемотивно пристапуваме и не секогаш профитот е оној што ќе влијае врз крајната одлука. На тој начин, потребно е преку наш личен пример да ги убедиме и нашите вработени да работат во насока на зелена економија и да ги едуцираме нашите деца, бидејќи тие се оние што ќе ја развиваат зелената економија во иднина. Доколку секој од нас направи чекор плус, сите заедно ќе добиеме многу. Да веруваме во она што сакаме да го оствариме и на крај тоа и ќе го реализираме“ – истакна г-ѓа Нина Неданоска.

Шпаркасе Банка продолжува континуирано да работи во насока на едукација и подигање на свеста за зелената економија и воспоставување енергетско ефикасни решенија, како и реализација на долгорочна стратегија за одржливост.

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.