Почетна » Новости » Актуелно » Младински Фестивал – млади Македонци и Грци ќе ја доживуваат соработката во Валандово

Младински Фестивал – млади Македонци и Грци ќе ја доживуваат соработката во Валандово

„Доживеј ја соработката“ е уникатен, младински фестивал на отворено кој ќе се одржува за втор пат во Валандово, на 2 септември 2023 и истиот ќе овозможи простор за младинско доживување на соработката. На фестивалот ќе присуствуваат повеќе од 100 млади луѓе и гости од двете држави.

Оваа еднодневна манифестација е едно ново, уникатно доживување кое ќе ги надмине границите и ќе спои млади луѓе од Северна Македонија и Грција, кои ќе се дружат и уживаат заедно во богатата фестивалска програма. За истата се погрижија организаторите Младински Сојуз - Крушево и „SEE in Action“ (Грција), која ќе понуди многу интересни младински активности, музика, храна, игри, спортски, културолошки активности и најважното од се – забава, дружба и соработка.

Доживеј ја соработката

Фестивалот е дел од „Соработка за заедничка иднина” - иницијатива за основање нa канцеларии за младинска соработка помеѓу младите луѓе од Северна Македонија и Грција, која е поддржана од амбасадите на Германија и САД, како и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Во рамките на иницијативата, досега се организирани повеќе од 156 активности во кои директно биле вклучени 3850 млади луѓе од двете држави. Отворени се и неколку физички инфо центри меѓу кои првиот е отворен токму во Валандово каде што ќе се организира и самиот Фестивал.

Пријавувањето за присуство на фестивалот се прави на следниов ЛИНК.

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страна www.c4cf.org.

Доживеј ја соработката

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11415 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.