Почетна » Новости » Актуелно » „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради месетенки во изборот

„Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради месетенки во изборот

Меѓународниот избор за Мис Универзум не престануваат да го тресат скандали.

Тројца членови на официјалното жири поднесоа оставки во текот на финалната недела на натпреварот во Бангкок, тврдејќи дека има тајни гласања и манипулации во процесот на изборот на победничка.

Мис Универзум

Прв од својата позиција се повлече либанско-францускиот композитор Омар Харфуш, кој објави „дека било спроведено тајно и нелегитимно гласање за утврдување на Топ 30 кандидатки пред пристигнувањето на официјалното жири“, како и дека размислува за поднесување жалба до Канцеларијата на Генералниот правобранител против организацијата „Мис Универзум“.

По прогласувањето на Мис Мексико за победничка, Омар револтиран напиша дека тоа однапред било познато „затоа што сопствениот на Мис Универзум Раул Роча, е во бизнис со таткото на Фатима Бош“.

Мис Универзум Мис Универзум

„Мис Мексико е лажна победничка. Јас, Омар Харфуш, изјавив вчера ексклузивно на американската HBO, 24 часа пред финалето на Мис Универзум, дека Мис Мексико ќе победи, затоа што сопственикот на Мис Универзум, Раул Роча, е во бизнис со таткото на Фатима Бош“ – напиша тој.

Харфуш тврди и дека имал притисоци да гласа за Фатима Бош, која подоцна беше и прогласена за победничка.

Мис Универзум

Втор член на жирито, поранешната француска фудбалска ѕвезда Клод Макелеле, исто така се повлече од „непредвидени лични причини“.

Мис Универзум

Дополнителни реакции предизвика и поранешната Мис Универзум 2005, Натали Глебова, која исто така беше дел од жирито. Таа изрази загриженост поради тоа што организацијата немала независна ревизорска фирма која би ги потврдила резултатите, и јавно изјави дека нема да се врати како судија сè додека не се ангажира независна фирма.

„Кога се натпреварував во 2005 година и претходните години, се сеќавам дека секогаш имаше ревизор кој излегуваше на сцената со запечатени резултати од сметководствена фирма. Би сакала тоа да се врати, ве молам. Сè додека тоа не се случи, не мислам дека повторно ќе учествувам како судија“ – напиша таа.

Мис Универзум Мис Универзум

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.