• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Мајко Божја дај ни сила да го издржиме денот“: Медицинска сестра од Штип со емотивен статус на најтажниот ден досега

20 март 2025, 09:07
  • cподели

Медицинска сестра, која беше меѓу првите лица кои им помогнаа на повредените во пожарот во Кочани, напиша емотивен статус на денот на погребите на 59-те жртви.

Билјана Рогожарска од Штип беше во болницата на кобната ноќ кога избувна пожарот и помагаше за повредените да ја добијат најдобрата грижа таму. Со скршено срце и помешани чувства, таа напиша емотивен статус во кој се вели: „Денес Мајко Божја дај ни сила да го издржиме денот“.

Знаме

Од неделата, од тоа кобно утро се бориме со адреналин, немир, неспокој, тага, бес, неверување, измешани емоции... работиме и живееме како роботи, некако чисто само да се преживее денот...

Денес, денес небесата на сите да ни даде сила, посебно на семејствата кои ќе си ги погребаат рожбите, кои ќе си ги испратат на вечен спокој најмилите. Денес Мајко Божја дај ни сила да го издржиме денот. А, утре??? Е од утре не знам што ќе се случува, долг и тежок ќе биде патот на колективно опоравување.

Претходно, Билјана им се заблагодари на сите држави кои помогнаа да се спасат животите на жртвите.

Голема благодарност до Владата на Македонија и Владата на Србија, а и на сите други земји кои ја понудија својата помош за нашите деца. Ние овде го дадовме она најдоброто од нас за да ви помогнеме во првите моменти. Дај Боже да не требаше ништо да правиме, изгоревме заедно со вас деца мили. Камо да имавме една просечна работна ноќ во болницата, ама не било така пишано.

Држи се дете наше мило Мирче Петрушевски, сите наши молитви се со тебе и со сите останати кои се борат за живот.

Знаме

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.