• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонски наставници на престижниот Самит организиран од Музејот за Нобелова награда

28 октомври 2024, 11:29
  • cподели

Марина Атанасовска (одделенски наставник ООУ Кирил Пејчиновиќ – Скопје) Никола Ѓелинчески (наставник по англиски јазик приватно училиште Јахја Кемал – Скопје) и Елена Апостолоска (наставник по математика ООУ Живко Брајковски – Скопје) се меѓу добитниците на престижната стипендија што ја доделува Шведскиот институт, со што им се овозможи учество на Светскиот Самит за наставници организиран од Музејот за Нобелова награда. Овој настан од глобално значење се одржа на 4 октомври 2024 година во Стокхолм на кој учествуваа околу четиристотини наставници од целиот свет и обедини едукатори од повеќе од триесет земји.

Самит

Годинешната тема на Самитот, „Minding the Brain “, истакна клучни прашања поврзани со улогата на мозокот во процесот на учење. Македонските наставници имаа можност да учествуваат на предавања, панел дискусии и интервјуа со добитници на Нобелова награда, научници и психолози, кои од различни перспективи ја разгледуваа оваа тема од големо значење во образованието. Оваа година, на Нобеловиот Самит за наставници, се отворија клучни прашања: Дали образовните системи се во чекор со најновите научни откритија? Дали нашите училници се адаптирани на напредокот во науката? Токму ова беше суштината на самитот – при создавање на образовна средина, мораме даго земеме предвид функционирањето на мозокот. Наставници од повеќе од триесет земји, заедно со добитници на Нобелова награда и водечки научници, учествуваа на овај уникатен, годишен самит, полн со инспиративни идеи и незаборавни средби.

Самит Самит

Дополнително, македонските наставници беа дел од четиридневната ексклузивна продолжена програма, од 2 до 5 октомври, наменета за меѓународни учесници. Во рамките на оваа програма, тие имаа можност да се запознаат со шведскиот образовен систем преку посета на локални училишта, да учествуваат во подлабоки дискусии со колеги од целиот свет и да разменат искуства.

Настанот беше извонредна можност за професионален развој, со уникатни средби и инспиративни идеи, кои ќе остават трајно влијание врз македонските наставници и нивната образовна пракса.

Самит Самит

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.