Почетна » Новости » Актуелно » Македонски гинеколози учат од најдобрите во светот: Битолчаните д-р Христијан и д-р Синиша на едукација во Германија

Македонски гинеколози учат од најдобрите во светот: Битолчаните д-р Христијан и д-р Синиша на едукација во Германија

Континуираната едукација е од суштинска важност за успехот на секој амбициозен доктор, а е најценета кога доаѓа од најдобрите во медицината.

Двајца доктори од Битола ја имаа честа да одат на 15-дневна едукација во клиниката „Хаген-Хаспе“ во Германија. Имено, д-р Христијан Трпчевски од „Болница Плодност“ и д-р Синиша Трпчевски од „Кlinicum Wels Austrija“ учеа од богатото искуство на д-р Јацек Кочишевски и имаа можност да се вклучат во неговиот тим за време на предоперативна дијагностика на урогинеколошки заболувања и како асистенти во оперативната сала.

Д-р Јацек Кочишевски, кој се вбројува меѓу врвните доктори во Германија во сферата „гинеколошки операции“, несебично го споделил своето големо знаење и заклучоците од долгогодишната работа. Под негова закрила, д-р Христијан и д-р Синиша одблиску се запознаа со практиките во женскиот оддел на германската клиника специјализирана за дијагностика и третман на жени со дисфункција на карлицата, како пролапс на генитални органи или уринарна и фекална инконтиненција.

Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски со Д-р Јацек КочишевскиД-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски со Д-р Јацек Кочишевски во германската клиника „Хаген-Хаспе“ Едукација во Хаген-Хаспе Едукација во Хаген-Хаспе

Говорејќи за срдечниот прием и професионалниот пристап, Д-р Христијан вели:

Herr Dr. med. dr hab. Jacek Kociszewski (неговата полна титула) е многу искусен и познат надвор од границите на Германија, како гинеколог-уролог, кој несебично го пренесува неговото знаење на сите, кои ја посетиле оваа клиника.

Неговиот тим има усвоено неколку алгоритми и препораки за прецизна дијагностика и поставување мрежа кај пациентките со уринарна стрес инконтиненција. За тоа имаат патентирано неколку инструменти и мрежички за решавање на оваа проблематика.

Она што ни остави впечаток е дека цел тим, а посебно д-р Kociszewski, несебично сакаше да го пренесе своето знаење на нас и активно не вклучи во предоперативната дијагностика на урогинеколошките заболувања, а особено во оперативната сала како асистенти.

Многу сме среќни што ги сподели несебично неговите искуства во третманот на уринарната стресна инконтиненција и пролапс на генитални органи кај жената, како и реконструктивна хирургија на карлично дно.

Иако млади, искуството со кое располагаме и техниките со кои работиме, му оставија голем впечаток на овој светски реномиран доктор, кој ни кажа дека вратите за понатамошна едукација на оваа клиника ни се отворени, односно ја отвори и можноста за активна соработка со Болница Плодност.

На овај начин, ја споделуваме нашата благодарност до д-р Kociszewski и неговиот тим во клиниката Хаген, еден од најпознатите гинеколошко-уролошки центри во светот.

Д-р Христијан ТрпчевскиД-р Христијан Трпчевски пред „Хаген-Хаспе“ Едукација во Хаген-Хаспе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11208 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.